И ја запалила куќата бидејќи ја избришала од Фејсбук

Day 1,450, 06:14 Published in United Arab Emirates North Macedonia by SkecX

Џенифер Кристин Харис (30)беше уапсена во американската сојузна држава Ајова поради казнено дело „предизвикување на пожар“.

Таа и ја запалила куќата на својата поранешна пријателка Ники Расмусен, откако таа ја избришала од листата на пријатели на Фејсбук.
Рано утрото на 27 октомври Џенифер го подметнала пожарот во гаражата на семејството Расмусен, што довело до рушење на кровот на гаражата, која била во целост уништена.

Таа е обвинета за предизвикување тежок пожар и се наоѓа во притвор, а одредена и е кауција од 100.000 долари.

Харис, како што пренесува “Еј-Би-Си“ е венчана кума на Расмусен, а работи во основното локално училиште.-Ја избришав од листата на пријатели и ја блокирав за да не може да гледа што пишувам, изјавила Расмусен.

Неа и нејзиниот сопруг на наведениот датум ги разбудил чадот и топлината кои доаѓале од гаражата, а пожарот зафатил и една страна од нивната куќа. За среќа во несреќата, никој не бил повреден.

Од сега никој не бришам на ФБ 😃

Превземено од Kurir.com
Скеч