што е ПРОБЛЕМОТ ?

Day 1,442, 12:31 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia
Гледам денес сите пишувате за ситуацијата и ова беше нешто очекувано за мене само прашањето беше кога ќе пукне балонот надуван со глупости,да се вратам на темата сите пишувате и повторно се обвинувате меѓу себе кај никој до сега не видов да пишува или се прашува што е проблемот ?


Знам дека сите ние на овој или оној начин се соживуваме со играва или со игрите кои ги играме на PC или PS,моето прашање е до кој степен сме соживеани ?
Јас би рекол околу 70% од играчите се навлезени во критична фаза !
Сретнувам играчи кои се тука преку целиот ден и тоа е малку па и прку целата ноќ во три часот изутрина се прпукуваат на чет ова ако не е критично незнам што е ?

Има три типа на играчи во играва кои ги сретнав :
1.Тип имаат над 19 години-вработени,невработени,студираат,не студираат.
Поголем дел од денот го трошат на играва најчесто во препокување и секогаш тие се во право без разлика дали се на власт или се борат за власт.
Тие што се на власт и само тие се во право другите не се битни некој ако напише некоја статија против владата веднаш е оцрнет и тој нечини и наредните денови ќе прочиташ најмалку дест статии од членови на владата дека тој греши и дека они се во право.
Тие што не се на власт пишуваат по цел ден како краде владата,како не добиле рефунд како никој нив не ги сака ,како никој не се грижи за нив и.т.н......
Се ми е ова јасно да е реална политика но тука се препокувате на некоја си небитна игра не ми е јасно освен тоа дека сте соживеани.
Нај трагично е кога гледам како одредени играчи си ги лечат комплексите кои ги здобиле од детството,но и фрустрациите кои ги добиваат во преку денот и ајде сега ќе плукам ќе се правам паметен.
Мој совет : Фатете си девојка/дечко/швалаер/швалерка,излезете прошетајте,запишете се на факултет или некој курс,учете повеќе за колоквиумот или испитот,сконцентрирајте се на работното место па можеби ќе напедувате на подобра позиција или спортувајте нешто,играва не ви бега таа ќе биде тука вие ќе се логирате релаксирани.И на крај краева ова ќе биде игра и ништо повеќе.

2.Тип од 14-19 години нема тука многу да зборам освен дека ги имитираат постарите но најчесто е и обратно !
Мој совет : Не се нервирајте ќе помине,тоа се вика ПУБЕРТЕТ !

3.Тип вистински играчи кои играаат од забава и да им пројде времето многу нив не ги загрижува тоа што некој нешто напишал или што направил едноставно уживаат во играта и ич не ги боли.

Ова не е ништо лично,ова е игра се надевам дека ќе нема да ми замерите доколку се пронајдовте во првите две групи.
Ги поканувам оние кои се најдоа во првите две групи да и се придружат во трета група и АЈДЕ ОВАА ИГРА ДА БИДЕ НАВИСТИНА ИГРA,а реалните проблеми решавајте ги во реалноста а не тука.