Да се впуштиме во нови авантури

Day 1,440, 09:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Igoric86

Искрено се изнервирав кога видов дека пак сме ја предложиле Грција за НЕ, па затоа и се решив да ја напишам статијава. Незнам како не ви здосади војнава со грците, пола година се замараме со нив. Зошто едноставно не си направиме еден список со непријателски земји и откако ќе ги освоиме да ги пречкртуваме. Нели ќе биде доста поинтересно тоа? А на некој начин ќе си имаме некоја зацртана цел или мисија кон која ќе се стремиме да ја освоиме. Да не речам ќе бидеме како сериски убијци кои убиваат по список 😃.
Значи Грција е завршена мисија: 1.Грција, 2.ххх, 3.ххх, 4.who is next 🙂.

Мислам дека крајно време е за нов предизвик. Погледнете ги само хрватите каде појдоа ги оставија оригиналните региони и си прават пат околу светот незнам само дали и за колку дена ќе го завршат 🙂.

Бидејќи мислам дека треба да се впуштиме во нови авантури еве го и мојот план, кој минатиот месец додека бев во конгресот го спомна и претседателот но иако имаше на 2-3 пати шанса да почне да го реализира не го стори тоа, туку се наврати назад на војната со грците. Од овај план јас се потрудив да извлечам максимум од ресурсите кои можеме да ги имаме а притоа да немаме непријатели кои би можеле да не нападнат од повеќе страни.
Моментално го имаме регионот Red Sea Coast, и се надевам дека ќе го задржиме за да ни послужи за да го продолжиме патот кон Индија. Овде ни треба само еден договор со Иран кој мислам дека беше постигнат но незнам дали сеуште важи, за да ни дозволи да поминеме преку неговите региони до Пакистан.

Од овде би требало да почнеме да ги шириме нашите нови граници. Моментално Пакистан има само 1 регион и безуспешно се труди да ги ослободи останатите. Најпрвин го освојуваме тој регион(имаме само 4 заеднички сојузници) и потоа одиме на Кина за која верувам дека многумина сметаат дека треба да им се одмаздиме. Но предлагам да ги заземиме само пакистанските територии кои се под нејзина окупација, а потоа да ги напаѓаме регионите се додека не изминат 7 дена за да можеме да смениме НЕ. После идеме на Индија ја освојуваме но не ги враќаме пакистанските региони туку во замена за нив на Пакистан му даваме нови територии во југозападна Индија(пак ќе има 4/10) и го штитиме од непријатели. Во меѓувреме некој ќе треба да не прогласи за НЕ предлагам да биде тоа Бугарија и ни ги зема сите оригинални региони со што ќе си го преместиме главниот град. Па после преку востанија ќе си ги вратиме назад.
Вака сместени ќе имаме 8/10 ресурси и 2 непријатели Кина и Индија од кои вториот ни оддалеку не е конкурентен да ни се спротивстави. А ќе бидеме опколени со сојузниците Иран, Пакистан, Индонезија и Тајланд, или што би рекол В.Јаневски ќе бидеме "ко бубреџе во лој" 😃.
И за крај за да има сето ова смисла и да ви биде појасно, еве како би изгледало сето тоа на мапата.







Зелената точка на првата слика значи доколку се постигне некаков договор со Иран да ни го отстапи тој регион за да имаме 9/10.
Додека трите точки на третата слика означуваат доколку не се согласи Пакистан да се премести со првата понуда да му понудиме втора со плус овие 3 региони што тешко дека ќе ја одбие.

И тоа би било се. Само за да се реализира ова некој треба добро да се подготви за преговори. Ова го имав предложено на неколку луѓе но бидејќи досега никој не се потруди да го оствари решив и јавно да го споделам и да ги видам реакциите на останатите.