Чоколадни Факти

Day 1,432, 06:32 Published in North Macedonia Republic of Moldova by Volk Petrovich


Верувале или не, но сета заслуга за денешниот најсладок десерт на светот-чоколадата ја имаат домородците од Мексико.Какаото (растение од кое се прави чоколадата) било дел од нивната култура и едно од главните јадења.Маите и Ацтеките го ценеле толку многу што зрната какао ги користеле како средство за наплата.Исто така, какаото го примале и како подарок за различни церемонии, вклучувајќи ги свадбите па дури и погребите.Со еден збор какаото го пиеле за секој поважен настан.



Ацтешкиот владител Монтезума пиел десетици бокали зачинето какао на дневно, не само затоа што му се допаѓало туку и затоа што верувал дека тоа му дава сила да излезе на крај со жените од харемот. 🙂




Илјадници години чоколадата била само пијалак.Но во 1700 година, според некој легенди, група мексикански калуѓерки открила начин како оваа течност да биде во цврста состојба.Можеби е иронично, но на калуѓерките не им било дозволено да вкусат од пијалакот бидејќи тоа се сметало за грев.
Оваа постапка за подготвување на чоколадата одела тешко се до 1879 година кога Рандолф Линд открил полесна постапка.Случајно или не,истовремено и Швајцарците ја измислиле познатата млечна чоколада.




Хотелот "Хирши" во Пенсилвенија како една од своите услуги ја нудат најлуксузната чоколадна бања во светот, која е напревена специјално за сите зависници од чоколадо.




Ако ви се пријаде чоколадо од статијава мавнете по еден суб и шаут :
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1887470/1/20