Стари зборови - ново значење

Day 1,424, 11:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Dejan Cvetkovski

Со текот на времето, освен што ние растеме и се менуваме, се менуваат и значењата на некои од зборовите кои ги користиме секојдневно.

На интересен начин прикажани дел од нив и нивното сегашно значење:

Огледало – најважната справа во теретана.

Happy Hour – ситуација кога се будите еден час пред алармот и сфаќате дека имате уште толку за спиење.

Емајлиран – затрупан со електронска пошта.

Марихуана– треба која може да предизвика значително поголема среќа од детелинка со четири листа.

Пиперка– оној дел од полнета пиперка кој најчесто не се јаде.

Крај на светот – настан кој сега веќе традиционално се одржува на секои 3-4 години.

Клаустрофобија – страв од затворени простории. Си тргнал накај кафана и страв ти е да не е затворена.

Длабока пенетрација – кога снегот и покрај чизмите и двата пара чорапи успева да ти ги намокри нозете.

Хипнотизер – баба која ги загледува децата во автобус и се обидува со очи да им каже дека треба да и го отстапат местото.

Роденден – собирање годишни залихи на дезодоранси и гелови за туширање.

Вештачка интелигенција – плавуша која се фарба црна.