Дали си богат или сиромашен ? + Поука

Day 1,421, 07:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Dejan Cvetkovski

Еден ден, богатиот татко го одвел својот син да ја помине ноќта со едно сиромашно семејство, за да му покаже како живеат луѓето кои немаат многу пари.


Наредниот ден, на враќање кон дома, таткото го запрашал синот што мисли за ова искуство, а синот му одговорил:

- Ова беше многу убаво искуство татко. Научив дека ние имаме едно куче, они имаат четири. Ние имаме убав базен, но они имаат река. Ние имаме сончев кров, тие имаат небо со ѕвезди и месечнина. Ние имаме голема тераса со преубава градина, но тие имаат шума.

Додека синот зборувал, таткото останал без здив слушајќи го што му зборува.

Тогаш детето додало: Фала ти што ми покажа колку сме сиромашни!

Заклучок: Кога го мериме она што го имаме, резултатот е нашето гледиште на животот. Ако имаме љубов, пријатели, здравје, смисла за хумор и позитивно мислење, имаме се во животот. Замисли се на момент и одлучи – дали си богат или сиромашен?