“Чоколадото “ дава сила!

Day 1,419, 10:12 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Како што знаете чоколадото –благите работи се тие кои после големи физички напори се добредојдени за органзимот , доведуваат до повраток на потрошената енеригија.
Така и во еРепублик после последната промена на господин Плато ( пред околу 10 дена) “чоколадата” станаа најважниот –најкалоричниот дел од храната на еГраѓанинот ! 😉
Како што кажав со послената промена на Плато со која секој член на одредена единица кој ги изршил дневните заповеди и извршил 25 убиства , како бонус се добива еден енерги бар и една базука. Проблемот е во тоа што базуката вие склопена и мора да ја користите веќе во наредната битка или додека ги потрошите другите оружја во магацинот. Меѓутoа енерги барот-чоколадото има неограничен рок на траење т.е истото може да се чува се додека имате место во фрижидерот -магацинот .
Каде е предноста на ”чоколадото’’???
Ако земеме некој играч со сила слична на мојата -3000 сила , со еден удар со Q5 тенк ваков играч прави штета од 1500, бидејќи чоколадото дава 10 удари , вкупната нанесена штета ќе биде 15000 Оваа вредност е еднаква на штетата што ќе ја нанесе било кој играч со една базука со три удари.
Што значи во случајот силата на базуката и чоладото се исти ( трошковите за тенковите си се друга работа).
Бидејќи како што рековме чокалада можеме да ги чуваме а од друга страна сите знаеме дека деловите од базука многу тешко се собираат ( макс 7-10 месечно базуки да склопиш) бројноста на овие чоколадца е многу важна . Значи еден уреден извршувач на дневни наредби може да собере во месецот и 30 енерги бара и оние 7-10 базуки кои ќе ги собере на делови му даваат одлична можност на секој еМакедонец за месец и пол до два да дојде до посакуваниот БХ медал.
Значи секој Емакедонец со сила од 2000- 3500 за два месеци со околу 40-60 енерги бара и околу 15 -20 базуки ( 40 сетина q5) тенка може да го освои БХ медалот кој поевеќето еМакедонци со месеци го сонуваат 🙂.