Кој кого краде?

Day 1,418, 09:38 Published in North Macedonia North Macedonia by LegijaMk

Статија превземена од интернет од страната на факултети.мк

Сакам да студирам а финансиски не сум во можност, што да правам!?



Ја користам оваа прилика да го поздравам Министерството за Внатрешни Работи кое на ,,сензационален“ начин успеа да разоткрие гооолем криминал! Погодувате нели, мислам на кутрата девојка која обидувајки се да преживее, немајки излез од лошата финансиска ситуација во која се наоѓала, во страв да не ја избркаат од студентскиот дом, преправила цифра на уплатница.

Девојко храбра, го пишувам ова со надеж дека ќе допре до твоите уши. НЕ СИ САМА! Главата горе и храбро. Секој би го сторил тоа на твое место. БРАВО! Ова само докажува дека твојата волја да продолжиш со студиите е поголема од се друго. Срамот остави им го на полицијата на факултетите, на државата. Направија сензација, медиумски бум, а можеа да го решат тоа на многу похуман начин. Уште еднаш видовме колку сите ,,СЕ ГРИЖАТ“ за студентите. Криминал ? ? ? Да, се согласувам, но во никој случај од студентите. ПА КОЈ КОГО КРАДЕ ТОГАШ ? Се разбира ова е само реторичко прачање. Некој ќе рече, оставете ја девојката, факултетите се тие што вршат криминал. Оп - стоп, да ве поправам. Факултетите драги мои, поштено не крадат, нема тука криминал. Фино лепо, без срам, ги прибираат парите што ние и нашите родители со пот ги заработуваме. Државата им го овозможува тоа. Луге мои, па јас не ни знам дали може да биде полошо од ова ? На пример, честа студентска мака: Не ретко, еден од условите за да се положи испит е да се купи книга на професорот. Абе ти колку сакаш учи, ако сакаш напамет научи ја, нема печат дека си купил . . . чорба Македонче! Неможе од ланската година, нова книга има. Се разбира различна во посветата само. Неможе копирана, „голем крминал е тоа“. Ајде ајде не убедивте,да бидеме фер и пред се хумани! Да купиме од новите книги. Па нели ви е жал, како ли да се преживее со професорска плата од 1000-2000 евра? Да не бидам сватен погрешно, не мислам на сите ,има прекрасни професори кои имаат разбирање . Да не гњавам сеа со макиве наши, и онака се премногу. Зборот ми беше, целава ситуација докажува колку само имаме потреба од промени во високообразовниот ситем. Мора студентите да бидат тие што ќе бидат заштитени, а не факултетите и нивните лакоми банкарски сметки. Цела среќа што се уште има хумани луге кои чекорат по државава наша гнила, па со цело свое срце успеваат да помогнат онаму каде што е најпотребно, а во нашава мала приканза, ДЕВОЈКО тоа си ти - Јунак! Се надеваме дека се ќе биде во ред со тебе, и реков погоре, ГЛАВАТА ГОРЕ,сите сме во ова заедно - студенти во борба за опстанок.



Планирав да извлечам пар поуки на крајов од текстов, но си викам зошто да се трудам, можете и сами нели? Наместо тоа, седам збунет веќе неколку часа и си мислам ...Зарем е можно, ние студентите, да сме само една безгласна буква? До кога ќе седиме со скрстени раце и немо ќе посматраме како некој убаво заработува на студентската мака?


ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ,ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ!!!