Предлог Мировен договор со Грција + План за понатамошно дејстување

Day 1,415, 06:59 Published in North Macedonia North Macedonia by makedonec21

Целта е постигната. По којзнае кој пат ја протеруваме Грција од Балканскиот полуостров и се докажавме пред целиот е свет дека сме подобри помоќни и поорганизирани од нив во секој смисол еден на еден но најбитно од све е дека си докажавме самите на себе и си го задоволивме своето его. Сега е време да се мисли понатака и да се гледа понатака на подолг план што можеме да постигнеме во оваа игра за нас или за нашиот сојуз. Доста гледаме само за нас самите и се прашуваме што можеме да сторат другите за нас туку да се прашаме што можеме да сториме ние за нив освен да ставиме поставуваме приоритетна битка на нашите сојузници и да праќаме војска да се тепаат во нивни битки. Можеме да тргнеме во нови освојувања да изградиме нова империја и многу други работи но најбитно од се е да завршиме со сегашнава војна со Грција. Можеме да тргнеме и без да ја завршиме војната но ке ни се повтори старата приказна: Премногу фронтови,губење на територии и колапс во секаква смисла. Доста е со воведов да преминам на главниот дел.
1. Мировен договор со Грција

Овој договор е само мое замисла може да се дообработува да се надградува а може и да не се оствари воопшто

- Договорот се подпишува на 1 месец од денот на подпишување и согласност од двете страни
- Македонија се обврзува да и ги врати на Грција сите оригинални региони освен 2, регионот Macedonia кој ке го задржи за лична сатисфакција и ке биде вратен после 2 недели (може да се измени) и уште еден регион кој накнадно ке се определи во взаемна координација на македонската влада Генералштабот и ОНЕ за понатамошно воено делување на Македонската држава.
- Грција се обврзува да не ја постави Македонија за НЕ се додека е на сила овој договор
- Грција се обврзува да крева востанија само по одреден редослед кој ке биде взаемно договорен за враќање на териториите . Доколку биде подигнато востание во регион кој е договорено да остане во рамките на Македонската држава на одредено време како регионот Macedonia или вториот регион што служи како база се обврзува грчката војска да го задуши тој регион или во најмала рака да не се обидува да го ослободи.
- Грција се обврзува да уплати 200 000 локална валута во неутрална држава која ке служи како гаранција дека ке го почитува овој договор.
- Доколку биде прекршена некоја точка од овој договор тој се поништува 200 000 локална грчка валута се префрла на Македонска сметка и војната продолжува

- Доколку некоја точка од овој договор биде прекршена од Македонска страна 200 000 локална грчка валута се враќа на Грција овој договор не важи и продолжуваат воените операции од двете страни.



2. Предлог за понатамошни освојувања
Овдека имаме неколку варијанти

- Проширување и враќање на старата империја во Египет и Саудиска Арабија и Војна со Кипар.
Тоа може да се постигне доколку втор регион кој го задржуваме на неопределено време како база би бил Aegan Islands и од тука би продолжиле со натамошни освојувања и бркање на бувовите од Арабија . Доколку се одлучиме на ова во мировниот договор се вметнува дека Грција не смее да освојува во Египет затоа што има ресурси кои ни требаат. За остварување на овој план ке треба да се премести главниот град но за тоа покасно. Тоа би изгледало вака



- Војна со Бугарија

Доколку се одлучиме за оваа опција не ни е потребен 2 регион на грција и можеме директно да влеземе во војна со Бугарија со што би ги растеретиле Србите од вториот фронт Тоа би изгледало вака



- Проширување на апенините и враќање на старата империја + војна со хрватска

Со отварање на овој фронт исто така би ги растеретиле србите + би им отвориле нов фронт на Хрватска во кој би трошеле Damage и би губеле територии. За ова ќе ни биде потребен втор регион од Грција Ionian islands коб би бил база за понатамошни освојувања. (доколку би се освоил овој план и доколку нашите дипломати би биле вешти би можеле да вклучиме трет регион Epirys за да ни бидат поврзани териториите. Тоа би изгледало вака


Териториите што се со икс представуваат територии што треба да се вратат на Грција.

Толку од мене се надевам на конструктивни коментари 🙂