Каде понатаму?

Day 1,415, 04:25 Published in North Macedonia Poland by Dragi T

Како што и повекето од оние кои играт на играва, главна цел ми е освојување на медалот кој носи 5 злато. Па затоа нема да пишувам многу артикли. Но како моја прва статија би сакал да направам политичка и воена анализа за што би можеле да правиме понатаму, јас ке го изнесам моето мислење, и ке дадам некој предлог, за кои се надевам играчите кои се поприсутни ке направат анализа дали се во ред или не.

Јас мислам дека пред се треба да војуваме за Србија затоа што Србите заради нас влегоа во војна со Бугарите, и затоа што Хрватите цело време удараат против нас кога сме во војна со Грците. И пред се затоа што Србите се наш најголем сојузник и наши најголеми пријатели. Но притоа треба да се консултираат со Србија дали да им помогнеме, доколку тие сакаат сами да ја водаат оваа двојна војна, ние можеме да преминеме за вракање на нашите поранешни територии, во Египет и Саудиска Арабија каде што би ни се зголемила економијата за 20 лебови и за 4 тенкови по фабрика.

Јас исто така би предложил Словенија да биде казнета и во иднина алијансата ONE да не војува за Словенија, сега тие изгледаат сигурни, дека никој нема да ги нападне но порано или покасно ке ги освои некој, зошто кога целата наша алијанса беше во оган тие си војуваа само за себе и си ги гледаа своите лични интереси, сетете се само кога нашата држава се бришеше од Апенинскиот полуостров, наместо да ни помага Словенија, тие само чекаа да ни ослободат уште една територија за тие да можат да ја освојат, а токму Македонија и ги отстапи на Словенија скоро сите Италијански територии за да имат подобра економија кои беа освојувани со Македонски пари и со Македонско злато. Отстапката беше направена во име на сојузот за да ни помагаат кога ке сме во тешки и времиња, а не и беа отстапени за да можат да одат на одмор во Лигурија. Па според мое мислење најдобро е да се казни Словенија, за оваа предавство што го направија против целата алијанса, за да не се повтори во иднина.

Доколку ви се допадна статијава би ве замолил за суб, воте, и ако не ви е тешко и за шаут.

Господ да ја благослови Македонија,
Господ да ве благослови сите.