Не бидете Бугари, станете Македонци.

Day 1,412, 11:31 Published in North Macedonia North Macedonia by slafencug

Првин би сакал да кажам дека јас немам ништо против Бугарите, а ниту према нивната убава земја. Бугарија ја сметам за прекрасна држава населена со прекрасни луѓе, како што впрочем е и Македонија прекрасна и како што и тука живеат прекрасни луѓе. Бугарите значи, воопшто не ги мразам, а Бугарките ги „обичам“ (сакам) многу....
Инаку, да не заборавам, би сакал оние бугараши кои ќе jа читаат оваја статија кога ќе имаат прилика да ја поздрават од мое име Глорија(мислам дека се викаше), а од свое (бугарашко) име можат да си го поздрават Азис, иако веројатно тие повеќе би сакале тој да ги поздрави нив. Но, за тоа тие си знаат меѓу себе, па нема да навлегуваме понатаму во тоа прашање....
Значи, мене не ми пречат Бугарите, туку ми пречат бугарашите. Разликата се состои во тоа што Бугарите немаат никаква желба да се расправаат со нас или со било кого за историско – политички теми, туку се едни фини и културни луѓе кои само сакаат во мир и пријателство да соработуваат со сите соседи. Бугарашите од друга страна се оние кои се обидуваат да нѐ убедат нас, Македонците дека сме и ние Бугари. При тоа најчудно е што најголемиот дел од бугарашите се токму оригинално Македонци, или со македонско потекло луѓе, кои живеат во Бугарија. Со други зборови, тие станале Бугари и сакаат и ние да станеме Бугари....Е КАКО БЕ КОГА: човек е Македонец, тој во поглед на својот национален идентитет јава на Букефал, убавиот, скапоцен коњ на големиот Александар. Вие би сакале ние Македонците да се симнеме од тој величествен коњ и да го јавнеме скромното магаренце на отец Пајсија? Кој е тој што од коњ на магаре ќе се симне? Луѓе, сериозни ли сте?