Македонската Судбина

Day 1,410, 17:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Achkoeoeo

Да ве предупредам сите оваа статија ќе биде ужасно долга, со која ќе пробам да направам еден осврт на настаните во претходните неколку месеци за да видиме каде сме згрешиле,и како повторно ја правиме истата грешка.


Најпрвин ќе започнам со мандатот на ДедаНое,кога се ни одеше беспрекорно се додека истиот човек не реши да си ја плати фотељата во ОНЕ,што значеше „тампон“ зона помеѓу Македонија и Хрватска.Тоа беше првиот потег,со кој самите ние почнавме да си ја умртвуваме нашата игра и стратегија,благодарение на тогашното раководство кое имаше успеси,но со оваа голема грешка не осуди на пропаст во долг период.Тогаш ни беше ветувано дека Апулија ќе се врати за неколку дена доодека ја избришеме Грција.Еве јас уште ги бројам деновите,ама ај што Апулија не е вратена,него и ние сега незнаеме што да правиме со себе.



Гореспоменатиот тогашен претседател ДедаНое по поробувањето на Грција,изјави дека тогаш сонот на секој еМакедонец бил исполнет.Сите тогаш поздравуваа,се тепаа кој да честита кој да пише коментар,да истрола на грчка статија и така натаму.Тик так,грција поробена,Македонија со ресурси еднакви на 0.Што бидна бидна,си ја држевме Грција цел месец под ропство,си го дигавме егото,си лечевме комплекси.


Наредниот претседателски мандат го доби Аминта Македонецот,човек кој најпрвин го презирав поради некои свои постапки,но за кратко време сфатив дека,се случува истото што се случуваше и во мандатот на МДИ.Тоа беа сопките од наши драги фотељаши,чии џепови тогаш започнаа да се празнат,бараа свежа крв за да си ги кренат повторно акциите и да се вратат на власт.Тогаш јас излегов со статија,во која што барам објаснување за Апулија и зошто целата држава ни тапка во место веќе 1 месец и за време на тој месец од пријател си создаде непријател.Тука го добив следниот одговор:




И двете единици кои се горе споменати,целовреме и помагаа на Македонија за време на освојувањето на Грција,што значи дека грција неможе преку инчите да го растури ОНЕ,освен ако самите ние не им дадеме причина.Таква причина беше разговорот со Аминта,кој што ГРЦИТЕ го однесоа во друг правец,и истиот доби друго значење.ПанзеР проба да ја смири ситуацијата со тоа што му помогна на КИПАР во војната со ЕГИПЕТ,додека цела Македонија тенкаше и маваше ко луда против како да тие ни се најголеми непријатели.Сето ова беше причина за конечно да се распадне пријателството помеѓу Македонија и Кипар,со други зборови си создадовме нов непријател.За што ? Затоа што нас ни требале ресурси ? Кога ние плачевме за тие ресурси за времето на ДедаНое кога ја даде Апулија,вие не правевте будали и предавници.После овој чин повторно ПанзеР беа будали и предавници кои што пукаат против својата држава.За да на крај ние пак да бидеме БУДАЛИ што ќе бидат единствени кои што ќе му ја дадат својата лојалност на Аминта до крајот на својот мандат.


Да ве потсетам само дека се започна од Апулија(СРбија)


Аминта успеа во својот мандат да ја распадне Македонската Империја,но сево ова беше поради оној кукавички и крајно безобразен потег од страна на претходната влада на чело со ДедаНое и Драш,кои што ја продадоа својата држава,за некаква си функција во тогашниот фамозен и непобедлив сојуз ОНЕ.Тогаш Македонија беше нападната од Кипар и Грција,бевме на работ на бришење.Главниот град беше преселен во Египет со што и заврши овој мандат исполнет со сопки.


После толку маки и поставување на сопки,конечно на власт дојде и КепенциМКД,кој со својата кандидатура не гарантираше ништо друго,освен чмаење во место и празнење на државната каса за лични интереси.Во овој период Македонија постојано беше во дефанзивна формација се со цел главниот град да не ни биде освоен,и да се вратиме во оригиналните региони без никакви бонуси.Овој мошне контрадикторен претседател излезе со статија како преговарал со мир со грција,а потоа како тоа му бил планот за да ги обедини Македонците,за да денес на генералштаб да излезе со изјава дека тој кога зборел да се потпише мир со грција,ние сме биле против.И самите знаете однесување како се вика,нема потреба да објаснувам.Потоа овој претседател си отиде на „заслужен“ одмор,поучен од неговиот претходник и ја остави државата буквално на цедило.Два дена по ред не беа пуштени закони за донации и какви се не дубари не се случија во тие 10тина дена додека го немаше.Помина и ова,ние и понатаму не се откажувавме и нашата последна надеж беа наредните претседателски избори.



Како нов претседател за месец септември-октомври излезе ДонТас,кој искрено со својата политичка програма беше ист како и неговите претходници,но за среќа овој претседател ни спреми доста изненадувања,и месец полн со пресврти.Кога го наследи својот претходник КепенциМКД,во државната каса му беа оставени мизерна цифра на пари,и самиот беше оставен на цедило.Во тоа време очекувавме напад од Кина,се браневме од Грција и ги задушувавме востанијата поради тоа што главниот град секако ни беше во Африка.За некое време се случи неизбежното,она од кое што највеќе стравувавме,а тоа беше освојувањето на нашиот главен град,и враќање на Македонија на самиот почеток.Она што ми се допадна е тоа што сепак овој претседател не успеа во тој момент на воен и политички план да ја прошири државата,но успеа да го стори она што не успеа никој од неговите претходници.Тој успеа да го обедини Македонскиот народ,барем на момент јас се чувствував како горд Македонец.Со последни сили потпомогнати конечно од нашиот „непобедлив“ сојуз Македонија успеа да го одбрани нападот од Грција,со што истата се спаси од целосно бришење.Потоа што се вика дојдоа и нашите 5 минути,кои што траеа се до денес,се додека повторно не се почувствува недостикот на воена сила која што требаше да ја добиеме од нашите сојузници.Во текот на денешниот ден ние загубивме 2 работи,а тоа се : Регионот Македонија,кој што претставуваше единствен мост со сите други освоени региони,и ја загубивме иницијативата во оваа фамозна и преискомплексирана војна со Грција.Како што реков овој месец,е месец на пресврти,најинтересен месец досега исполнет со сите можни работи,и не жалам ниту за една минута потрошена на играва.



Нејќам да ги кажувам причините за нашите порази,само сакав да ви објаснам колку што можам повеќе,зошто Македонија е ограничена и зошто постојано е овца која чека ред за да се истриже.


ПС: За се е крив рефундот.