Помогнете и на малата Дарија

Day 1,407, 14:21 Published in North Macedonia North Macedonia by LegijaMk

Дарија Калиновска е родена 25 декември 2008 година и веќе две години боледува од епилепсија. Секојдневно има напади од кои не може нормално да се движи ниту пак да спие, а последната година нападите се влошуваат од ден на ден. Се што се бара од вас е да се откажете од пиење на едно кафе и парите да ги донирате на телефонскиот број или во најмала рака кликнете на копчето „Like“ или „Сподели на Фејсбук“, за да помогнете во ширењето на оваа тажна животна приказна.

Дарија е резистентна на терапиите, а причината сеуште не е позната. Поради тоа семејството сака да ги направи сите испитувања кои за жал во Македонија ги нема.

Во наредниов период Дарија ќе оди во Белград каде ќе и` прават испитувања на Институтот за мајка и дете, а потоа во Рим во болницата Bambino Gesù, по кое можно е да биде потребно лекување и во други држави.

Изминатите две години семејството се исцрпи по многубројните прегледи во Македонија и странство па затоа им е потребна хуманитарна помош.

Телефонскиот број за донации преку Т-Мобиле е 070 143 122 а пак бројт на жиро сметката на Дарија Калиновска е 210-5016472508-48- Тутунска Банка.

Мајката Софија и таткото Слободан, изразуваат благодарност до сите кои ќе пратат помош за нивната Дарија.



За оние кои сакаат подетални информации нека ја посетат фејсбук групата За наша Дарија

За шаут
Помогнете и на малата Дарија
http://www.erepublik.com/en/newspaper/pomognete-i-na-darija-262069/1