Причините за поразот !!?

Day 1,397, 09:15 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Оваа статија сакав да напишам пред 3-4 дена ама топлото време работните обврски како и кошаркарската еуфорија ја одложија истата.
За да не бидам нешто погрешно сватен ќе морам малку повеќе да објаснам:
Сите знаете дека пред 5-6 месеци играчите со сила од околу 1500-2000 во тој момент повеќето го имаа освоено БХ медалот и тоа им успеваше со направена штета од 50-80 илјади .Со воведување на една низа на промени од страна на “Plato” и сите во интерес на појаките играчи ( како можност на вработување на бесконечен број на вработени како и можноста само Q5 фирмите да имаат математика да вработуваат) доведе на некој начин до поголемо социјално раслојување. Што значи едни рбаа а други се богатеа .Со водување на можноста да се троши по 500 здравје дневно како и истото да може да се обнови за 6 часа уште повеќе ‘’Plato” им даде шанса на богатите да станат уште побогати со освојување на БХ медали .Едноставно луѓето со сила над 5000 имаат можност и по 3 а ако неспијат и 4 БХ медали да земаат на ден или во превод 15 голд ( минус трошкови 10 голд чист најмалку ).Значи господава немора ни да сејат ни да жнеат 🙂
Сигурен сум а ( самите можете да си ги отворите пријателите секој трет ви е мртов 🙂 ) ова доведе до откaжување на голем број ( нормално не само еМакедонци) играчи од едноставна причина што луѓето видоа дека како покасно вклучени ќе бидат константни маргиналци во играва.Додека топ 50 еМакедонци имаат по над 100 БХ медали ќе им се сруши витрината другите чекаат и бараат X начини како да дојдат до медалот.
Конечно “ePlato” донесе новини кој им даде шанса на маргиналците а тоа е прво Базуката а второ можноста да се зачуваат “ Cokoladata” . Исто така со активирање на Mercenary медалот се појави шанса и млади и стари да си имаат занимација во Ерепублик.
Предходните денови имаше неколку статии со критика кон помладите играчи демек тие биле виновни за поразот( не биле патриоти !) демек се тепале по светот и тн и тн ама сите знаеме дека големо влијание за поразот имаат оние од 300 па можеби и 1000 еМакедонци кои збираат делови од базуката и истите ги чуваат и едноствно чекаат шанса да дојдат до БХ медалот.
Сигурен сум дека оваа група во која спаѓам и јас има во моментово од 10 па и над 25 базуки и ако земеме дека тука влегуваат играчи со од 1500 до 3000 сила со нанесената штета може пола балкан да го освоиме 🙂 . Но да не се залажуваме сигурно и играчите од другите држави се чуваат за БХ медалот сигурно сте приметиле дека во првите 10-15 дена кога се воведоа Базуките од 10 противника 8 ми доаѓаа со базука а последниов период речиси и не можам да сретнам таков .Значи деловите се собираат со убиства не е битна штетата и луѓето се тепаат со голи раце и нанесуват слаба штета во битките и секако си бараат што послаби и ранети противници 🙂.Резултатот е познат ги изгубивме териториите
Сега драги господа кој е виновникот за поразот ( или икој е патриот)дали оние 50 сетина одбрани кои не даваат шанса да дојде народот до БХ медал а тие ги направиле преку 100 или оние што веќе 2 месеци се чуваат за иститиот ??? проценете сами............
Значи кога ги држевме Арабија и Египет и кога секој ден имавме по неколку востанија да имаше некоја стратегија т.е да се дадеше шанса на што повеќе од послабите да дојдат до БХ медала сега се уште ќе бевме таму . Можеа олигарсите да се откажат сите од по 10 сетина медали 🙂