[МНР] состојба еКина

Day 1,396, 10:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker


еКина како воена сила на сите нѝ е добро позната по минатонеделните случувања, па да видиме како стојат на останатите полиња.

Од економска гледна точка се одлични, со моментални 8 суровини од можните 10.





Имаат активна битка за добивање на 5тата суровина за храна, а и гумата не им е воопшто далеку во еИндија. Всушност еКина веќе долго време е собиралиште на голем број на играчи од EDEN, особено оние кои ја имаа „честа“ да бидат избришани од ONE. Целата политичка сцена е полна со статии од доселеници кои постојано влијаат на јавното мислење во еКина. Не знам колку им е добар кинескиот или масовно го користат translate.google.com, но очигледно е дека се неуморни.

Главна преокупација во последните денови е нашата мила земја и величањето на нивната победа. На некој начин тоа е супер за Македонија и нејзината промоција, бидејќи не би се радувале толку ако не не сметаат за достоен противник. еГрците се први со благодарниците, но се приклучуваат и другите EDEN членки. Очигледно е дека еКинезите се откажаа од своите лични интереси за да му помогнат на сојузот, кој срдечно им се заблагодарува за тоа.



Интересно е тоа што еКинезите детално нѐ имаа проучено и јавно ја објавуваа нашата стратегија во нивните весници. Идејата за брзо нивно одбивање и потоа фокусирање на еГрците им беше јасно позната. Па памет за другпат, нема поента да криеме од сопствениот народ, кога непријателот го знае секој наш потег.

Сегашниот фокус им е надополнување на суровините кои им недостасуваат. Првата цел е еПакистан и ако таа кампања заврши брзо и ефикасно за нив, следува еИндија. Со еИндијците станува збор за некаков вид на изнајмување на територија, па ќе бидат повторно слободни да му помагаат на својот сојуз.

Plainswalker