Западна Африка

Day 1,390, 10:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan.97
Западна Африка

КАРАКТЕРИСТИЧНИ ПОДРАЧЈА ВО ЗАПДНА АФРИКА

Западна Африка ја карактеризираат повеќе географски подрачја и објекти. Покарактеристични се Гвинејскиот Залив, Камепунските Планини, како и реките Нигер и Волта и други.

Гвинејскиот Залив
Гвинејскиот Залив е најголемиот залив на Атлантскиот Океан на западните брегови на Африка. Се одликува со големи количества врнежи, 10 000-12 000 мм годишно. Бреговата линија не е разгранета и не е многу погодна за застанување на бродови. Во Гвинејскиот Залив се изградени повеќе пристаништа, од кои поважни се: Лагос во Нигерија, Мое во Того, Акра во Гана, Дуала во Камерун и д руги. Гвинејскиот Залив се одликува со многу лагуни и естуари.

Камерунските Планини
Камерунските планини се вулкански планини во приморските делови на Гвинејскиот Залив. Најголемата Височина изнесува 4 070 м. Западните и југозападните делови на Камерунските Планини се одликуваат со најголеми количества врнежи во Африка, кои се движад над 10 000 мм годишно. Подножјето на планините е под густи тропски шуми, во повисоките делови се наоѓаат листопадни шуми, а највисоките региони се со планински пасишта.



Река Нигер
Нигер е река во Западна Африка. Извира од Либериските Планини, а тече низ државите Гвинеја, Мали, Нигер и Нигерија, и со поголема делта се влева во Гвинејскиот Залив. Долга е 4 160 км, со површина на сливот од 2 092 000 км2. Горниот и долниот тек на Нигер се во влажен тропски шумски појас, додека средишниот протекува низ савани, степи и полупустини. Нигер, по Нил и Конго, е трета река по големина во Африка. Има големо значење за наводнување во земјоделството и за сообраќајот. Поважни градови на реката Нигер се Бамако, Нијамеј, Џеба и Порт Харкорт.

Река Волта
Реката Волта извира во државата Буркина Фасо. Долга е околу 1 400 км. На утоката во Атлантскиот Океан гради голема делта. Поголемиот дел од реката тече нис Гана. На неа, во Гана, е изградена голема хидроцентрална на истоименото езеро Волта. Се одликува со големо коелбање на водата, така што влажниот период предизвикува поплави. Половина е околу 400 км.

LEKCIJA ZA AFRIKA VO 8 ODD !!! VOTE + SUB + SHOUT !!!