Честито изборот !

Day 1,386, 11:19 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Еве после летните одмори после подолго време решив да напишам статија.
и нема веќе да ги шминкам истита
Поради големите горештини некако намав воља за пишување иако имаше многу промени , новини и ситуации за тоа. Конечно решив да се активирам повторно се надевам дека ќе го задржам тиражот 🙂 а зошто и да не го зголемам ( MM медал веќе не ме интересира) ама доколку не добиваш гласови норамлно се губи вољата за пишување.
Затоа за почеток да му ја честитам победата на новоизбраниот претседател и да му посакам успех во реализација на неговата амбициозна програма.
Човекот се пофали дека имал искуство од реална политика и веднаш се виде 🙂 откако е избран го нема никаде 🙂 ( денеска превртев неколку страни од весниците негово обраќање не видов)
Сигурно со главните-лапачи се договараат за поделба на колачот 🙂 , aма и тој е се потенок и потенок така се помалку ќе има за делење .
Господинот рече дека конечно ќе биде првиот што ќе ги вклучи цивилите во рефунд ( во важни битки и тие да добиват оружје во зависност од силата ) и дека тој ќе биде првиот што ќе ги сослуша предлозите од сите еГрагани без разлика на нивниот статус !
Веќе неколку пати пишував дека постои една тивка поделба на стари и нови ( родени пред нова година и потоа) и секогаш главниот збор водат постарите – но за ова спремам посебна статија.
Кога веќе еПретседник рекол дека ќе прифаќа реални предлози еве го првиот од мене
1.Ставање на минимална плата ( нормално со помош на конгресот) на 60 -100 денари ??? Вакви предлози имаше повеќе пати ама никако да се реализираат некој постојано ги минира ????
Јавно да се објават кои се тие што го прават тоа ( човекот рече дека ќе биде транспарентен ?) Значи постојат луѓе мулташи на кои преку 1.5 денар плата се богатат екстремно и се развиваат екстремно во однос на другите играчи а покрај тоа го рушат пазарот со можност да нудат пониски цени во однос на другите
Немој некој да ми пише војската мора да работи така – едноставно немора данокот собран од нив едноставно државата може да им го врати дали поединечно дали на нивната единица е се ќе си биде во ред . Пример во хрватска мин плата е 50 куни- и кај нив живее војската.
2.Спречување на продажба на црно ?? Некои ова го мешаат со шверцери а тоа не е исто ( увозот е легален т.е дозволен и нормално некој го бива за трговија некој за на нива 🙂
Значи да дефинирам продажба на црно е кога некој продава роба преку донација а се договара преку порака при тоа ја оштетува државата за ддв кое во моментов изнесува 5% за главните продукти . Голем дел од господава на еРепублик се прават големи патриоти а не плаќаат ддв ??, трагично е тоа што го прават поглемиот број од топ 100 играчите а некој постојано ги толерира. Значи мој предлог е да се намали малку ддв бидејќи високо ддв стимулира трговија на црно ама да се формира МВР И УЈП
и да се гонат овие неплаќачи 🙂
За сега толку да не го мачиме еПретседник тек прв ден му е од мандатот па ќе видиме дали ќе ја прочита статијава.