Најдебелата мајка на светот решила да слабее. Е арно и текна!

Day 1,382, 14:45 Published in North Macedonia North Macedonia by SoloStalkerMK

Дона Симсон, која влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдебела мајка решила да слабее. Не заради фактот дека тежи околу 300 килограми, и дека од неодамна раскина со својот вереник, туку затоа што сакала да се грижи подобро за своите деца.

Самер е светски позната и заработува околу 90.000 долари од својата веб страница каде луѓе плаќаат за да ја гледаат како јаде повеќе од 15.000 калории секој ден. Таа сега решила да ја затвори страницата и да ја замени со блог за слабеење.

Самер се разделила од својот вереник, кој и помогна да се здебели и секојдневно ја ранеше и уживаше во нејзината дебелина. Тие се запознале на интернет страница за љубители на дебели жени и Самер вели дека досега биле многу среќни.

Причината за разделбата е непозната, но Самер вели дека во моментот приоритет и е нејзиното здравје и здравјето на нејзиното семејство. Се надеваме дека ќе успее во својата цел и дека нема повторно да им се „фрли“ на хамбургерите, пиците, печените пилиња и газираните пијалаци.