[МНР] Работни задачи МКД

Day 1,373, 06:55 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija

Добар ден Македонијо,

инспириран од лавот наш најубав што единствен излезе со статија која му доликува на нормален разумен човек на која повикува да го правиме тоа што треба да го правиме, без да навреди некој решив колку толку да ве уходам во моменталната состојба во нашата влада.

Значи, мирот пропадна тоа е тоа, сега ги имаме 2та наши најлути непријатели спремни да ги исплескаме по задниот дел, и уште 2 востанија за да ни тргаат од штетата, а од другата страна имаме евентуално по 1 востание на нашите оригинални територии но најнормално е и тие да паднат.

Наша задача е што повеќе да го одолговлечиме нападот над Египет од Грција и повторниот напад на нашите колонии.Колку и да сме силни, колку и да тенкаат нашите херои, не можеме против 2 велесили одеднаш. Ја имаме поддршката од ONE која е безрезервна (јас барем во периодот кога сум МоФА се уверив во тоа), без разлика дали се Шпанци, Турци, Срби или било што.

Сега ќе ви претставам како одприлика би изгледал нашиот воен план за понатаму, во кратки црти. Сите сте добредојдени да придонесете со конструктивни предлози, дали со коментари, дали со статии, пораки на министерството, мене лично, ПМ на чет, како било слободно контактирајте ме мене (и да е, и да не е отсутен Кепенци, има кој да менува кампања на денот, кој да раководи со НБРМ и слично, не се фаќајте сега за тоа дајте да излезиме на крај со душманите).

Значи, треба да пробаме што подолго да ги задржиме Грците да ги напаѓаат нашите оригинални територии, да не го нападнат Египет и да преминат на југ. Последици од војната со Бугарија не би имало сериозни, ќе ни ги земат оригиналните територии со што би ни направиле и услуга. Доколку тие ги држат оригиналните територии, ако Грција стигни до Red Sea Coast и го освои главниот град ќе се префрли во друг регион во Египет или Саудиска Арабија (да не барам сега кој).
И другите членки на ONE имаат проблеми со војните затоа неможат 100% да се посветат на наша одбрана. Јас ќе побарам од Србија и Турција турбо ангажирање за наша одбрана, посебно од Турците кои фактички и не доведоа во оваа ситуација ама нема врска то.
ЕДИТ: Сега ме известија дека Турците веќе имале отворено канал на кој делеле опрема за да се пука за нас во Источна Македонија. Да знаете дека не сме сами и не не оставија на цедило!

Значи прв приоритет - Грција, втор приоритет - Бугарија, и за крај востанијата кои не ни причинувале голем проблем досега.

За регионите кои ги дадовме на Саудиска Арабија и Египет
И јас, и Кепенци бевме контактирани од МоФАта на Египет кој ни бараше регион за да се одржат конгресменски избори и дури ни нудеа тие да го платат востанието, и да ни прателе голд од наградата од RW медалите. Кога дојде кај мене јас го пратив кај Кепенци и му реков тој е одговорен за давање на региони, но откако му кажав на Кепенци дека го барале тој ми објасна како е ситуацијата.
Како што знаете, и не знаете Египет го држат главно Хрвати под ПТО. И тие беа тие што ме контактираја мене за регионот. Вистинските Египјани му рекле на Кепенци да не дава ништо бидејќи не се доволно силни да земат мнозинство во конгресот и затоа не им дававме региони. Е сега, бидејќи моравме да ги сечиме Грците, го дадовме Lower Egypt и ваљда ќе имаат конгрес овој месец, како ќе се изборат ќе видиме.
Значи на Египет не даваме повеќе региони, доволно е Lower Egypt да не дели од Грција.

Со Саудиска Арабија има договор, тие нас да ни го дат Najran, а ние нив Al Madinah и Al Qasim. Знаеме дека е ризик да се даде Медина, како што пиша Струме, ама мора тој бидејќи само тој регион со нафта може да се поврзе со житото за да можат да имаат 2 ресурси. Тука наидовме на проблем.
Имено, играчот со ник MACEDONIAN T REX со отворил свој канал, на кој дава донации на играчи со повеќе од 3000 сила за да удираат на страна на Македонија.
Зошто? Бидејќи тој е кандидат во тој регион за конгрес и не сака да ја изгуби кандидатурата. Иако незнам како имаш лице то да го прајш, не е битно, јас лично 2 месеци изгубив кандидатура, еднаш на Пелопонез (преходниов месец) еднаш пред то на Италијански регион па не организирав армија платеници против Македонија.
Не е ни битно, знаете поради што треба дополнително да се трошиме а тоа е вашиот мил есограѓанин.
ЗНАЧИ СЕ ДАВА AL QASIM НА САУДИСКА АРАБИЈА, ПУКАЈТЕ ЗА ВОСТАНИЦИТЕ !!!

Која било друга битка да се отвори, маваме дури не се откажат од играта.

Малце за НБРМ.
Бидејќи се прави се и сешто во овие денови, решивме до крајот на мандатот да не се дава рефунд, туку кога ќе се види прилика, ќе се купат тенкови и ќе се делат на активни војници на #MZE. Денес се потрошени 15000 денари и се поделени над 300 тенкови. Вака ќе се наполни НРБМ колку толку, бидејќи навистина беше истрошена во предходниот мандат (не велам дека се претера или било шо, се беше супер, и сите пари беа потрошени со цел, да не речите плукам или нешто).
Еден апел до конгресмените: Значи бидете ажурни и веднаш по завршувањето на законот за донација пуштајте нов да не се губи време. Досега имаме изгубено 2 или 3 дена што значи 200-300 0000 денари помалце до касата на НБРМ.

Тоа е тоа. Ќе пробам колку што можам, иако ме сторивте подолу од измет предходниве дена, да ја испрам државата на нозе но то го можам единствено со ваша помош. Затоа обединете се, па да ги лупниме Бугарите и Грците гла со гла!

ХРАБРО, ЗА МАКЕДОНИЈА !!!

Ваш brsja4e o/