Подршка на договорот за мир со Гејлада

Day 1,370, 16:04 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan


Мала шала, никој не е до толку будала да го подржи тој понижувачки договор за мир.

Можеби има нешто што оди во прилог на договорот а државниот врв не сака да го сподели со нас обичниот народ (да не чујат и Грците), ама во какви било услови, таков договор да се понуди пред народ е стварно навредливо.

А уште па и фактот дека Источна Македонија ја даваме курбан по наш предлог, тоа е плукање во лице за секој Македонец.

Мене не ми требаат медали да бркам, јас ја играм играта за Македонија. Немам илузии дека сме непобедливи (посебно кога се знае дека битките ги одлучуваат кредитните картици) ама подобро да бидеме окупирани во борба одколку да живееме „раскошно“ со некои понижувачки договори.

Толку од мене за сега ама пажливо ќе пазам какви потези ќе се влечат во блиска иднина. Се надевам дека наскоро ќе има ново обраќање од КепенциМКД и дека ќе објасни што ќе се случува. А очекувам и омилениот на сите Струмјанин да се јави со статија, како што го правеше тоа во време на Аминта кога „слабо се владееше“.