Време е За Подобра Источна еМакедонија [by VanDerDaniel]

Day 1,370, 06:34 Published in North Macedonia North Macedonia by VanDerDaniel


Почитувани граѓани, работници и борци на еМакедонија.

Се ближат изборите за Конгрес како во еСветот така и во еМакедонија, во редовите на партијата ЗПеМ се наоѓа и мојата кандидатура за Конгресмен на Источна еМакедонија

Во оваа прилика сакам да дадам конкретен одговор на прашањето,
зошто јас сум Кандидат за Конгресмен на Источна еМакедонија,
зошто ја добив довербата од сите членови на ЗПеМ, втора партија по големина во оваа наша еМакедонија
и зошто треба јас да бидам дел од Конгресот на еМакедонија.


Кој е VanDerDaniel?
Јас,VanDerDaniel почнав да ја играм оваа незаменлива игра пред четири месеци. Но за Жал бев еден од несреќниците кои беа банирани од Plato во неговиот ПМС момент. Со овој лик стар сум само 20дена и веќе имам 23левел, тон злато,развиени фирми и сум постојано активен на #eMKD, #emkd-army,#ZPeM...
Ова сведочи за мојата активност. Може да се каже дека сум бил повеќе од активен, и дека еден ден не сум поминал без работа и обука на еРепублик.

Зошто да гласам за VanDerDaniel?
Признавам дека јас не сум бил долго време со еМакедонија. Но не го заборавајте основното правило на оваа игра,"Не влијае КваНтитетот, ВЛИЈАЕ КВАЛИТЕТОТ" на поминати денови со еМакедонија.
Со меото одлично познавање на Политичките Науки и дипломата за Менаџмент и Бизнис, можам да понудам драстична промена во политиката и економијата на еМакедонија. Не можам да ви ветувам ридови и долини, јас не сум семоќен, но можам да ви ветам совесна и добра работа во Конгресот. Можам да ветам дека јас ќе се залага ЗА вас, ЗА подобрување на вашите услови,ЗА вас цивилите, најзагрозената класа. Бидејќи цивилите навистина го заслужуваат тоа!
Ќе се залагам да се воведе Социјален фонд, кој секојдневно ќе донира леб на нај активните цивили.

Затоа треба да гласаш ЗА VanDerDaniel и членовите на ЗПеМ
Биди За Поробра еМакедонија, Гласај За Подобра еМакедонија,


VanDerDaniel е ЗА, А ТИ?



SHOUT... Време е За Подобра Источна еМакедонија http://www.erepublik.com/en/article/-1-1846777/1/20