[Амбасадор еИран]Нов Извештај

Day 1,369, 08:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Mart1neZ


Поздрав Македонци и Македонки,

Овој месец е интересен во Иран,со многу војни,конфликти и примирја,па затоа за кратко време излегува и мојата четврта статија.Еве кои ќе бидат содржините на оваа статија:
-Арапски Полуостров
-Војна со Обединетите Арапски Емирати
-Војна со Кина
-Надворешна Политика

1.Арапски Полуостров

На овој полуостров Иран е присутен од многу одамна.Моментално под своја контрола ги има само овие региони:
-Al Jawf
-Northern Borders
-Eastern Province
-Umm al Quwain
Од сите региони најмногу прашина се крена за Al Jawf и довчерашниот ирански регион - Najran.

1.1 Al Jawf

За овој Ирански регион имаат претензии многу држави меѓу кои и Македонија поради неговата добра местоположба.Затоа во Иранската јавност се крена голема прашина дека овој регион ќе биде даден на друга држава,но сето тоа беше демантирано во претседателскиот весник.Имено,претседателката на Иран изјави дека овој регион ќе остане под Иранска власт уште долго време.Оваа одлука е донесена поради тоа што Al Jawf е единствениот Ирански регион кој е богат со алуминиум.

1.2 Najran

Најран не беше важен регион за Иран,бидејки е богат со шалитра, ресурс кој Иранците веќе го имаат во South Khorasan, Semnan, Eastern Province и Sharjah па затоа беше одлучено да се врати на Саудиска Арабија,а потоа овој регион да биде превземен од Македонија.Со ова,ние добиваме нов ресурс - Шалитра!

2.Војна со Обединетите Арапски Емирати

По преговорите помеѓу претседателите на Иран и Обединетите Арапски Емирати дојде до решение оваа војна да продолжи исто како и порано -како тренинг војна.Досега се оди според планот освен едно востание кое требаше да биде задушено од страна на Иран,но регионот за жал беше ослободен.

3.Нова исцрпувачка војна на повидок - Иран - Кина

Во претходната статија напишав дека војната со Кина е затворена со губењето на граница помеѓу овие две држави,но сепак војната се затвори за многу кратко време.Желбата за одмазда на Кинезите е голема,па решија по секоја цена да влезат во војна со Иран.За повторно да дојдат до граница,Кинезите мораа прво да го избришат Пакистан.Со паѓањето на Balochistan (http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/10737) , Кина ќе има отворен пат кон Иран.Оваа војна е најавувана како многу тешка и исцрпна војна.Инаку најверојатно планот на Кина е да дојде до граница со Македонија, и значително да му помогни на Грците со тоа што ќе не прогласи нас за природен непријател.

4.Надворешна Политика

Надворешната политика на Иран останува иста - продолжување на пријателските односи со сите земји од ОНЕ,меѓу кои и Македонија.

За крај само сакам да се извинам за сите ненамерни грешки кои се направени во статијава,слободно корегирајте ме а јас се ќе едитирам.
PS.Сите што ја прочитаа мојата претходна статија нека го прочитаат и ова http://mibpaste.com/GAn9Ip.

Поздрав !