Презентација

Day 1,366, 17:27 Published in North Macedonia North Macedonia by milevski

На наредниве избори за во Конгресот се кандидирам и јас,
значи кандидат за конгресмен: milevski


Во регионот Ал Бахах. Партија: Обединета еМакедонија

Како и сите кандидати ви ја доставувам мојата презентација зошто за мене да гласате на наредните конгресменски избори:

1. Чесно и одговорно ќе ја обавувам функцијата конгресмен. Чест и задоволство ми е да бидам конгресмен на јака еДржава како што е Македонија.
2. Ќе бидам активен во играта и добро ќе ги обавувам сите должности коишто ќе ми бидат доверени.
3. Ќе работам на тоа што е можно поголема и попродуктивна комуникација да се остварува со нашите сојузници од сојузот ОНЕ. Да се зацрврстат пријателствата помеѓу играчите на сојузот и да се зголеми дипломатијата.
4. Ќе се залагам да се зголемат правата на независните играчи кои за време на одлучувачките битки ќе добиваат рефунд во храна и тенкови за битките.
5. Ќе се залагам да се намалат таксите при работењето во фирмите.

Тоа отприлика ќе бидат моите главни заложби како конгресмен.
А секако доколку дојдам до таа функција ќе бидам секогаш отворен за комуникација со секој од вас. Активно ќе одговарам и ќе предложувам ваши идеи, совети и размислувања за играта.

Поздрав до сите МАКЕДОНЦИ
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА
ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ КАДЕ И ДА СЕ ПО СВЕТОТ
ЗДРУЖЕНО ЌЕ УСПЕЕМЕ ДА СИ ЈА ЗАДРЖИМЕЕ ОВАА СВЕТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА


Искрено ви благодарам за вашиот глас.

Шаут:
Презентација
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1844676/1/20