[Амбасадор еИран]Резултати од изборите + инфо за војната со еКина

Day 1,365, 13:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Mart1neZ



Поздрав Македонци и Македонки,

Ова е трета статија која ја пишувам како амбасадор на еМакедонија во еИран.Во оваа статија јас ќе ви ги претставам резултатите од вчерашните избори за претседател на партија и плус ќе објавам некои информации за војната со еКина.

1.Резултати од изборите
Како што можев да забележам,вчерашните избори за претседател на партија во еИран поминаа фер и демократски.Подолу е листата на победници во првите 10 партии.

-На чело на најголемата партија во Иран - Демократската либерална партија застанува pejmaaan , лидерот на паравоената единица Persian Army и поранешен претседател. Тој освои 63 гласови или околу 70.79% од вкупниот број.Изборите во оваа партија не беа неизвесни бидејки второпласираниот кандидат има дури 50 гласови помалку.

-Претседател на најголемата опозициска партија во Иран - Републиканската Партија,стана kiavashmaz
со освоени точно 27 гласови или 48.21% .Исто така тој е член на паравоената единица Persian Army.

-Со солидна победа,претседател на третата по големина партија во Иран, таканаречената зелена партија,стана ali_mzzm,со освоен 31 глас или 52.54% од вкупниот број на гласови.Тој моментално е конгресмен (по шести пат) и член на паравоената единица Persian Army.

-Со многу тесна победа,претседател на четвртата по ред партија во Иран - Nehzat-e-Jangal Party е PIER5362 кој освои 30 гласа,односно само 3 гласа повеќе од второпласираниот кандидат. PIER5362 моментално е цивил (не е член на ниту една паравоена единица) но е и поранешен член на иранскиот конгрес.

-На чело на петтата партија во Иран - Rastakhiz,стана laneron со освоен 21 глас или 45.65%.Тој е член на паравоената единица Persian Gulf Army и моментално е конгресмен,по 5 пат.

-Претседателка на шестата партија во Иран - M e h r стана Elmira (xerxes99) која моментално ја извршува и функцијата претседател на еИран.Освои точно 13 гласови односно 100% од вкупниот број бидејки беше единствениот кандидат.Член е на паравоената единица Persian Army.

-Седмата партија по ред во Иран - Ahoora,ја превзеде Do Rageh ,кој исто така е член на паравоената единица Immortal Guard.Освои 2 гласа или само еден глас повеќе од другиот кандидат.

-filombeh е новиот претседател на Iran reformist party.Победи со освоени 7 гласа или 70%.Tој има победено дури девет пати на конгресменските избори.Моментално е член на паравоената единица Persian Gulf.

-На деветтата партија по големина во Иран,PAN IRANISM PARTY стана arash1st,со освоени 7 гласа или 58.3%.Тој исто така е поранешен член на Иранскиот конгрес.Не е член на ниту една паравоена единица.

-На чело на 10-та партија по големина,застана jumong 10 со освоени вкупно 5 гласа или околу 55.56%.

Ова се новите претседатели на топ10 партии во еИран.Бидејки мислам дека останатите партии се многу мали и не толку важни за Иранската политика,не ги објавив нивните победници.
Е сега следува најавеното инфо за војната со еКина...

2.Инфо за војната со Кина

-Бидејки Кина целосно се ослободи,редно време беше да прогласи некој од соседите за природен непријател и да почни да освојува нови територии. Па бидејки Иран секој ден војува тешки битки (тренинг војната со Обединетите Арапски Емирати и востанијата на Саудиска Арабија и Пакистан) а исто така и три дена не може да промени природен непријател,беше добар плен за Кинезите. Но претседателката на Иран забележа дека доколку влези во војна со Кина, државата ќе претрпи огромни загуби,бидејки моментално немаат доволно сила да се соочат со Кинезите,реши да ја прекини војната со тоа што ќе му го врати регионот Balochistan на Пакистан.Со ова,Иран губи само два региони,кои не му се многу потребни бидејки не се губат ресурси,но и најважното - ја губи и границата со Кина и можи слободно да си војува со другите послаби соседи (Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати),додека пак Кина доби само еден Пакистански регион - North-West Frontier Province кој го освои во единствената битка,која се одржа помеѓу овие две држави.Исто така добивка има и Пакистан кој со добивањето на Balochistan доби и нов ресурс - железо.
Плус само да надополнам дека и Иран има проблем со телетабисите кои креваат востание во сопствената држава,кои маваат против наредби и бркаат БХ медали.

Доколку статијата има грешки (а знам дека има 😃 )слободно корегирајте ме,а јас ќе ја едитирам.
За крај само да се извинам бидејки малку каснам со издавањето на статијата но имав многу РЛ обврски.

Поздрав !