[Амбасадор еИран]Воени Планови

Day 1,361, 05:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Mart1neZ



Добарден,

Ова е втора моја статија како Амбасадор во Иран.Бидејки во минатата статија напишав малку околу воените цели и планови на оваа држава,решив во оваа статија сето тоа да го напишам подобро и поопширно.
Иран за сега има 3 цели и тоа :

1.Примирје со Израел
-Добрите дипломатски односи помеѓу Иран и Израел придонесоа до вклучувањето на МИР а со тоа и затворање на 10-дневната војна.Како главен услов за потпишување на овој договор беше враќањето на сите окупирани израелски региони од страна на Иран. Во моментот кога ја пишував статијата овој договор не беше целосно реализиран, но со завршувањето на оваа битка http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/10078 и враќањето на последниот израелски регион,овој договор е реализиран.

2.Тренинг војна
-Со затворањето на војната со Израел,на Иран му се отвори опција за тренинг војна со Обединетите Арапски Емирати.Под "Тренинг Војна" се подразбира војна на која сите битки се "местени" односно уште пред стартот се знае кој ќе победи.Оваа војна се одржува само за Иранските,и државјаните на Обединетите Арапски Емирати да добиваат бонуси од Природен Непријател.

3.Договорот со Пакистан
-Овој договор е од корист на двете држави,бидејки со овој договор, Пакистан добива огромна воена помош од Иран во битките против Индија,а додека пак Иран добива неколку Индиски региони,меѓу кои и регони богати со говеда и гума,а со тоа доаѓа и до 9/10 ресурси.Со ова драстично ќе се зголеме економијата во оваа земја.

Доколку има било какви измени,статијата веднаш ќе биде едитирана.Исто така доколку има грешки,корегирајте и јас се ќе поправам,но не ми замерувајте за ненамерните грешки бидејки ова го пишував во полу-заспана состојба 🙂

Поздрав !