Продолжени Мисии

Day 1,360, 10:41 Published in North Macedonia North Macedonia by GOOFYmkd

Добро Вечер на сите еРепубликанци.

Ова е мојата прва објава, се разбира во ново формираниот весник
GOOFYmkd INFO.

Со Првата статија ќе Ве информирам дека е продолжен временскиот рок за зададените мисии за Природен Непријател и Востанија од 1,361-от ден на 1,365-от ден. Со ова е оставен дополнителен период за остварување на зададените мисии и секако можност да се посветиме на борбата со еКипар и еГрција (бидејќи во моментот еГрција е ПН, истовремено ќе ја исполнувате и оваа мисија), а и да ги смириме востанијата од еЕгипет и еС.Арабија.

За почеток ова е се од мене. Се надевам дека и во иднина ќе го привлекувам вашето внимание со интересни информации и нови статии.

Поздрав:
Биди Подготвен.

еНовинар
GOOFYmkd