Некој виц за да се расположиме....

Day 1,346, 15:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Dodge Viper PP
Среќен живот
Еднаш многу одамна си живееше еден дечко кој ја запросил девојката:
- Ќе се омажиш за мене?
- Не!
И така дечкото си живееше среќно до крајот на животот гледајќи фудбал и пиејќи пиво кога и да посака!

Црн коњ
Вознемирен возач запира во едно село и прашува:
- Дали некој во селово има црн коњ?
- Не.
- А дали некој има црн вол?
- Не.
- А некое големо црно куче?
- Не.
- Значи, сум го згазил попот…

Мраз
Турист во Охрид нарачал виски. Кога келнерот му ја донел пијачката овој рекол:
- Ве молам, донесете и малку мраз.
А келнерот:
- Аиии, да не сакаш можеби и скии!

Сопруг
Плавуша и раскажува на својата другарка:
- Си седам дома и одеднаш некој ѕвони на вратата. Отворам, гледам еден младич. Тој ме прашува дали сопругот ми е дома. Јас одговарам дека го нема. Тогаш ме фрли на креветот и ме изработи, а потоа си замина. Уште не можам да сфатам што сакаше тој од мажот ми.

Џандари
Влегува човек во полициска станица и на сет глас вели: вие полицајците се најглупи. На тоа се собираат сите полицајци и велат дека не е точно. Човекот им вели ќе ви поставам три прашања доколку одговорете точно не сте глупави!
1. Што е тоа мало црвено на дрво расте?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: цреша.
Полицајците: Дај нешто полесно!
2. Што е тоа две мали црвени на дрво растат?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: две цреши.
Полицајците: Дај нешто полесно не се зафркавај!
3. Што е тоа што ја влечи коњската кола?
Сите ќутат, само еден дига рака.
Полицаецот: Да не се ТРИ ЦРЕШИ?!