Ретроспективи и перспективи

Day 1,346, 11:53 Published in North Macedonia North Macedonia by erep na qrac

Без вовед да прејдам директно на темата.

Еден од најдобрите наши потези беше облекувањето на италијанската чизма со префрлувањето на главниот град во благопријатната медитеранска клима. Еден од најлошите потези беше позволувањето да имаме потстанар во горниот дел од чизмата. Навлечени на сезонска мода се убедивме дека кратката чизма е модерна чизма. И сега кога конечно ги соблековме чизмичките неизбежно е чувството дека останавме во опинци.

Да се разбереме, првата најдобра опција за изместен главен град се Апенините. Подоцна за втората. Причината за тоа е што еИталија, објективно послаба земја од нас, има огромен број региони и задоволителен број ресурси. Ретко има такви држави на еМапата кои имаат толку региони, релативно се послаби од нас, и се/беа достапни за нас географски и геополитички. Дополнително, еИталија има географска крактеристика/предност затоа што е полуостров. Во играва пристапот од југ е можен единствено преку регионот Апулија, додека на север е поотворена. Но повторно со занемарливо играчки слабата еШвајцарија, плус еФранција и еСловенија. Сите овие фактори влијаеа во играта еМакедонија да зацврсне и прерасне до респектибилна еСила. И во тоа време имаше жестоки спротивставувања за префлање на главниот град, но времето дефинитивно покажа дека потегот беше вистински.

Со промените на Плато ресурсите станаа многу поважни во играта. По успехот со окупацијата на еГрција и ослобудувањето на Беломорска еМакедонија започна период на учмаеност и безидејност. Тоа е период на империјална улулканост и живеење од старата слава. Во динамична игра тоа е фатално, првенствено за играчката психа. Раширени по Медитеранот дури до Арабија со низа расцепкани поседи по гонењето на еГрција. Без реален економски бенифит остана да се соблазнуваме со нашата морална великодушност на ослободители, и на таа рационализација да ја градиме политиката кон државите каде имавме новостекнати територии.

Премотување напред и доаѓаме до денес. Втората најдобра опција за главен град е Арабија, со подваријанта Египет. Иако едно време предлагав грчки регион, сепак се покажа дека има тро стратешки ум со одлуката за Египет. И се согласувам дека е успех самото префрлање на главниот град. Со главен град вон оригиналните територии оди и потготвеноста во секое време да се одбрани од востание. И како второ да биде релативно недостапен, пар територии оддалечен, за блиц напад на некоја противничка еСила. И последно, да се води сметка за можна PTO одлука на оригиналната земја да не изгласа за ПН доколку има воена соработка со нашите непријатели.

Но сите стратегии и гледишта не вредат ништо без аналитичка поткрепа од нешто опипливо. Инфлуенсот е базичен показател, иако не е единствениот. Воениот инфленс можеби покажува доста, но ако ние утнавме, тогаш утнавме со кавлитетот на инфлуенсот. А тоа значи со организираноста да се управува и насочува истиот инфлуенс. Плато може прави чести промени, но нашата организираност за брзо прилагодување на тие промени е под знак прашање. Улулканиот период, со 3-4 востанија дневно наместо 5-6 востанија, требаше да се искористи за армиска реформа. Како донечен полнач, дневно помеѓу 15-30 денари и со 0 (нула) повлечени средства, белким може да инсистирам на реформа. Данокот треба да се сообрзаи спрема потребата армијата и единиците. Пристапот данокот да се дели лево-десно по тоа колку единици има и колкав е нивниот инфуленс е тотално погрешен. Рефунд караниците тоа го покажуваат. Во период на релативно изобилие наспроти актуелниов со ресурсна сиромаштија можеше да се скријат мааните на системот.

-- продолжува --

пс. ќе ја оставам статијата недовршена, поентата и уште нешто ситно во наредната статија