Предлог за рефунд систем

Day 1,344, 17:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Krstevsky

Здраво еМакедонијо!

Последниве неколку недели сме сведоци на бурни настани и разно-разни расправии и тоа што е најтрагично меѓу нас еМакедонците (мада не ги оправдувам и тие со другите еДржави) но... што е тоа е.

Спомнав предлог за систем за рефунд... па, еве од мене еден „првичен“ систем кој доколку се прифати во иднина ќе може да претрпи некои промени со цел крајниот исход да биде „волкот сит, овците на број“.



1. MU треба да има миимум 25 (или 30) членови и просечна сила од минимум 1.700 (или 1500).
Приоритет за рефунд, MUs мора да бидат лимитирани според просечната сила на единицита, а направениот дневен инфлуенс да зазема САМО мал дел од тоа колкав ќе биде рефундот на единицата.
Ова е само затоа што еМакедонија има проблем со преголемиот број на MUs и во позадина излегува дека лебот на играчите со 3.5К (или повеќе сила) им го јадат играчи со под 1000 сила.

2. Дневно направениот инфлуенс на некоја MU да се пресметува според одреден систем. Првично, мој предлог... да се земаат во предлог максимим 50 борци, затоа што има доста MUs кои го надмиунваат дозволениот лимит од 50 членови за една единица. Исто така треба да се внимава, на egov4you некои лидери не ги бришат дел од членовите кои веќе ја напуштиле единицата со цел да им биде прикажан поголем направен инфлуенс.

3. Формулата за пресметување на дневен рефунд да би изгледала вака некако:
За презентација ќе земам пример од системот на претседателот со мали измени.

Коефициент на средна сила на MU
Коефициент на учинок од MU
Коефициент на цел инфлуенс на сите MUs
Коефициент на дневен буџет за рефунд на MUs

Од сите овие фактори да се состави формула (каде што средната сила на MU ќе биде приоритет) и со самото тоа да се одреди дневениот рефунд за „X“ МУ.


Според мене ова би требало да биде најреално и најферски, затоа што еМакедонија има околу 30 MUs, дневниот буџет неможе сите да ги задоволи па затоа ќе мора да се лимитираат според силата затоа што од силата на играчите зависи инфлуенсот што можат да го направат, а од друга страна сила неможат да билдаат како што можат да билдаат направен инфлуенс со тенкање. Исто така не треба да бидат запоставени послабите единици, затоа што ако се запостават, јаките ќе бидат форсирани на брз напредок за разлика од послабите кои ќе си останат тоа што биле.


- Казнување на MUs.
И ова е доста интересно прашање особено кога во предвид ќе се земе тоа што админите наметнуваат такви правила/медали каде што секој поединец е приморан да се бори ван наредбите и кога ќе земеме во предвид дека оваа игра ја играме од забава, не некој да ни командува, мислам дека престрого е да се казнува цела единица за неколку поединци, сепак мора да се има разбирање дека секој поединец сака медал и ова не би го нарекол лакомост или предавство.

Како предлог за тоа би предложил лидерот да ги казнува членовите на неговата MU, а во позадина да се врши контрола од други одредени луѓе дали истиот ги спроведува санкциите, доколку самиот лидер не ги спроведува санкциите дури тогаш може да се казни целата единица.


Тоа е мојот предлог за рефунд, доколку Ви се допадне, доколку имате забелешки, критики, позитивни, негативни... слободно споделете ги... и едно да напоменам DON'T HATE THE PLAYER(S), HATE THE GAME!

За шаут:
Предлог за рефунд систем
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1830092/1/20