Пост изборна!

Day 1,344, 01:10 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Браќа и сестри еМакедонци, денеска сум особено горд и почестен од вас што во толкав голем број гласавте за чесната опција и не го извалкавте вашето достоинство за виртуелен добра. Од срце ви ветувам дека нема да ја злоупотребам вашата доверба како ни функцијата конгресмен на која ме изгласавте.

Им благодарам и на оние кои не гласаа за мене а исто така не се пазареа за да гласаат. Сите ние заедно денес ги удривме темелите на војната против тоа зло кое во минатото ни донесе толку многу штета.

Им честитам на сите останати победници во изборите кои чесно се бореа,а на оние кои имаа помалку среќа вчера им посакувам повеќе успех на наредните избори.


Сега малку за темната страна на изборите, мајмунчето има потреба да посочи со прстот кон некои ликови



Прв пример:

Еден поранешен конгресмен кој безобразно ја злоупотреби функцијата за која сите ние го изгласавме, и кој ден два пред тоа ме убедуваше дека сепак на конгресменското место дошол чесно без поткуп, вчера купуваше гласови за свој пријател а сумата не беше за подценување:



Втор пример:

На следнава слика го имате 14Walcott како без срам и перде си тргува со гласов, тој влезе и овојпат во конгресот а е најзаслужен за државјанството на Smee Again. Сите оние кои го гласаа овој човек не се ништо подобри од оној кој тврди дека крева омлитавени - DigiSoft

штом админите ќе ја проверат регуларноста на изборите ке ја едитирам сликата со онаа на која се гледа бројот на неговите гласови.


Трет пример

Претходната а и оваа слика зборуваат за веке одомакинетиот изборен фолклор во еМакедонија:


и :


После мајмунчето ви е криво