Како ќе препознаете Македонец на плажа?!

Day 1,343, 16:07 Published in North Macedonia North Macedonia by PopTomov

На плажа може да видите секаков народ, но поради специфичноста на нашите карактери, лесно е да се препознае Македонецот во нас. Малку шега на наша сметка.

1. Станете во 4 наутро и зафатете 6 лежалки - 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После вратете се во кревет и спијте мирно до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрати на плажа - 5 за крпата и 3 за апостолките

3. Треба да се понесете лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.

4. Книга не смее да се носи, тежи.

5. Ако немате чадор за сонце, наместете се така да ве покрива чадорот на комшиите после ручек..

6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.

7. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во капечки костими. Деца се.

8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри.

9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е алфа-мејл.

10. Најголем ќеф е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата

11. Цигарите најубаво се гасат во песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди

12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање 5 лежалки подалку од вашата.

13. Ако не е сменета постелината секое утро, се карате на рецепција! Зашто дома секој ден ја менувате, нели.

14. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после земаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив!

15. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да заспијат поубаво.

16. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија па не се слуша

17. Купачите најубаво се сушат горе на чадорот за сонце.

18. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија - кој вика дека не одат риба и баклава заедно?

19. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон од на плажа.

20. Кога цел хотел ќе си легне, излегуваш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш крпите на лежалките за утре.