Занимливости: Змија со две глави

Day 1,343, 03:00 Published in North Macedonia North Macedonia by PopTomov

Змија со две глави, секоја способна да мисли и да се храни одделно , па дури и да си крадат храна една од друга, станата популарна атракција во украинската зоолошка .

Двете глави на змијата се независни и не секогаш се сложуваат, па сакаат да си поткраднуваат храна една од друга, велат чуварите во приватната зоолошка, наречена „Skazka“ или Приказна за мали деца.

„Понекогаш едната глава сака да се влече во една насока, а другата во друга насока“ – изјавува директорот на Олег Зубков за АФП.

Еден од вработените Руслан Јаковленко вели дека се труди да ги храни двете глави одделно, но некогаш тие почнуваат жестока борба за храната.

„Доколку се навистина гладни , едната глава и краде на другата“ изјавува тој и додава дека секогаш мора да направи бариера меѓу нив .

Од приватната зоолошка велат дека кралските змии ловат други рептили, што значи дека една од главите може инстинктивно да ја нападне и да ја изеде другата.

Три годишниот, 60 сантиметри долг рептил е позајмен од Германија.

Посетителите двојно се зголемија откако оваа змија се појави на екраните во почетокот на месец јули – изјавува чуварот Јаковленко.

„Многумина влегуваат во зоолошката ужаснати, а си заминуваат воодушевени“.

Змијата, која е единствената дво-глава змија во Европа ќе биде прикажана во Украина во септември.