Кампања „ОТЧЕТ“ – Македонија има право да знае

Day 1,339, 09:16 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Кампања „ОТЧЕТ“ – Македонија има право да знае
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1825896/1/20
~~shout~~



Секој оној, кој ја поддржува оваа НАША кампања, нека го стави овој аватар, нека ја гласа статијава и нека пушти еден шаут.




Откако војнициве ме уверија дека морало да им се дава рефунд, сега, Претседателот имал многу обврски да дава отчет за тоа, како се трошат државните пари...

Морам да потенцирам, дека давањето отчет за државните пари, не е привилегија на граѓаните, туку обврска на државата.

Кога ја објавив, претходната статија која според коментарите, побуди сериозен интерес, многу играчи се најдоа повредени. Претседателот се најде до толку повреден, што тоа го сфати како напад против него, како период во кој јас сум правел поделби и не знам што се не... За тоа, дури бев од претседателот лично повикуван во некои статии, демек да донирам...

Ми станува чудно, како секој мој обид да направам нешто корисно во државата, власта (секоја без исклучок) го сфаќа како атак врз себе. Па одма излегуваат обвинувања, дека ме платиле Панцер да пишувам статија, дека не знам кој ми дал злато за да објавам текст..
Секогаш кога ќе објавам текст, државата е во некоја криза и не е време за реформите кои ги предлагам (иако со нив се согласува најголемиот дел од граѓаните), а претседателот е зафатен..

Иако планирав ова да го направам по изборите, сепак мислам дека подобро е да стартува сега, за да можеме да го имплементираме побрзо, доколку наиде на поддршка од граѓаните.

Ја почнувам оваа кампања која не е против никој, туку за сите. Ја почнувам оваа кампања, не за да го поделам народот, туку да го обединам.
Ја почнувам оваа кампања не за да предизвикам бура меѓусебни обвинувања туку големо помирување.

Ја почнувам оваа кампања со која барам државата да се обврзее пред граѓаните а функционерите (конгресмените и Претседателот) да се обврзат дека за секој потрошен денар, ќе го известуваат народот.

За повторно да не ни се случи, едни да обвинуваат други дека краделе, или пак, што е полошо, некој да живее од државната каса, барам јавно, најмалку еднаш неделно, Претседалот пред Конгресот да презентира извештај со потрошените пари. Конгресот, да ангажира секретар, кој редовно, тој извештај ќе им го пласира на граѓаните, преку еден од државните весници.
Оние работи кои не се за во јавност, (за да не знаат граѓаните од другите држави) да се објавуваат на официјалниот форум.

Значи, апелирам да се објавуваат:
- рефунд по воени единици (државни и паравојски)
- рефунд на цивилно население (доколку го има)
- редовен извештај, како паравоените и државните војски го делат рефундот внатре во единицата
- плановите на власта во врска со позиционирањето на еМакедонија во војните и во надворешната политика (кој регион ќе се зема, кој ќе се враќа и отстапува)
- сите трансакции поврзани со државната каса и со касите на министерствата

Македонскиот народ има право да знае, а државата има обврска да го извести.

Затоа, барам поддршка од сите вас. Без разлика на која партија или воена единица и припаѓате. Ако се работи чисто и чесно, тогаш и нема што да се крие.
Секој оној кој неаргументирано ќе биде против оваа кампања ќе ме натера да се сомневам дека нечесно заработува на грбот на македонските граѓани.


Затоа, секој оној, кој ја поддржува оваа НАША кампања, нека го стави овој аватар, нека ја гласа статијава и нека пушти еден шаут.



Доколку добиеме поддршка, нема да се откажеме додека не го воведеме правилото на отчетност како основа во владеењето на секој власт

Во исто време, овде, на оваа статија отварам простор за петиција, на која барам да се потпише секој еМакедонец кој сака отчетност и чесна работа. Секој оној кој сака да знае како се располага со неговите пари, во коментар нека го остави својот потпис.

Ви благодарам, и се надевам дека заедно ќе успееме да воспоставиме принцип, кој ќе го следат сите држави.


Кампања „ОТЧЕТ“ – Македонија има право да знае
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1825896/1/20
~~shout~~