Цената на златото и препродавачите!

Day 1,335, 08:40 Published in North Macedonia North Macedonia by filozof123


\o/

Прочитајте ја целата статија не само почетокот!

Златото е 600мкд?!
Цената оди се нагоре и нагоре!
Деновиве се изналитав сешто за цената на златото од типот:
WTF 1 златник 600мкд!?
Ценава на златово отиде у пм!
Кој к*рац е со ценава бре!?
Ценава на златово се крева ко стојко на комшиката!
Со моменталнава цена цел месец ќе рмбаме за 1 златник!
итн итн...
Ај доста го тупам, да прејдам на главното!

Моментално цената на златото е скоро 600мкд...
Сигурно се прашувате како Полска и Србија успеваат да ја задржат цената толку ниско за разлика од сите останати земји...
Епа ајде малце да подобјаснам за неинформираните.
Цената на златото зависи од бројот на моменталното злато во оптег...
Што повеќе злато толку цената е пониска!
Бројот на златото во оптег зависи од следново:
1.Дневната разлика помеѓу купеното злато и златото потрошено за фирми, бустери итн..
2.Бројот на фејк валутата што ја додаваат админите преку ботот.
Сите знаат дека постои бот кој купува производи од маркетот, но само админите не го признаваат тоа.
Што повеќе валута има во граѓаните толку е зголемена и побарувачката за златото.
Админите намерно го прават ова за да го направат златото што поскапо и со тоа да не натераат да го купуваме со вистински пари.
Двете работи што ги споменав не може да се контролираат или пак да се измени некако...
Во сите држави ботот купува производи и трупа само фејк валута.
Но сигурно се прашувате како Полска и Србија ја одржуваат цената на толку ниско ниво.
Финтата е во следново.
Со промените секој може да продава без да има фирма.
Бидејќи има многу "паметни" македонци кои мислат дека ќе заработат препродавајќи странски производи ние стигнавме до оваа цена на златото.
Заради 0,5-1 злато ќар од препродавање тие одат во странство(најчесто во Србија и Полска) и таму го менуваат златото за локална валута и со тоа купуваат најразлични производи(најчесто тенкови).
Бидејќи Србија и Полска имаат најевтини производи сите одат таму и купуваат!
Во тоа е и проблемот.
Кога ги купуваат производите златото директно се слева во тие земји!
Од сите активни македонци сигурно најмалце 1 од 10 го прави ова.
Еве да земеме за пример 100 македонци.
Кога секој ќе оди во Србија или Полска и ќе купи тенкови со тоа го остава златото таму и го зголемува бројот на златото во оптег!
Ако 100 македонци остават по 10 злато, тоа се 1000 златници излеани во странство!(бројот на препродавачите е сигурно мнооогу поголем)
И секој ден се одлива злато и со тоа кај нас се намалува бројот на злато во оптег и нормално цената ќе е повисока!

Сега и најважното!
Да видиме како може да го спречиме ова.
1.Кога купувате од маркет пред да купите видете дали тој што продава има таква фирма!Ако нема НЕ купувајте!
Нема да ви падне ку*ето ако дадете 0,01 мкд повеќе за некој производ!
Ако масовно се прави ова на препродавачите нема никој да им купува и нормално тие ќе престанат.
2.Ова можеме да го спречиме и ако ние ги поевтиниме производите и станеме како Србија и Полска.
Ако ги поевтиниме сите ќе купуваат кај нас и ќе се слева многу злато!
Постепено ќе почне цената да паѓа и се ќе биде како порано!
Сега нормално ќе се јават тука мрчаторите и ќе почнат "па како јас да ги давам поевтино тенковите, со оваа цена едвај вадам за лебче", а кога ќе видиш после на канал се фали како тоа направил мноогу пари од работниците!
Па џабе ти валута кога НЕМА доволно голд за да ја смениш!
Ај да те видам тренирај со мкд или мавај за Македонија!
И не мислете само на себе, ако падне цената ќе има и за помладите играчи и најважно голдот ќе им стане достапен на сите!
Па драги мои македонци ете ги опциите, на нас е сега да одлучиме дали ќе пропаднеме уште подлабоко во еСиромаштијата или пак ќе се искачиме на врвот со најдобрите 😉

Поздрав до следната статија на пензионираниот новинар и останете ми со 100 здравје!


Искрено ваш,


Доколку ви се допадна статијата дајте и еден шаут!


Цената на златото и препродавачите! http://www.erepublik.com/en/article/-1-1822907/1/20