Кој е мивка?

Day 1,334, 09:05 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Во есветот се чини познати сме по лесното препуштање на веке стекнатите територии независно дали тие територии располагаат со ресурси или не водат до нови. Деновиве нашиот претседател Аминта направи пишман дипломатија сакајки да го земе тоа од што великодушно се откажавме. Но, не секој е еМајка Тереза кога се во прашање полезни територии. Затоа реакцијата на инчите воопшто не ме изненади, но ме изненади нашата арогантност и изненаденост затоа што бевме одбиени- овие територии се поклонети, а поклонот не се бара наѕад, пред се затоа што е несериозно и незрело. Не треба да ги обвинуваме затоа што имаат дигнитет и сакаат да го одбранат тоа што успеале да го земат. Затоа верувам здравиот разум ке преовладее и до војна со Кипар нема да дојде.

Да, за мивките ми беше зборот. Тоа сме ние бевме и продолжуваме да бидеме како да епизодата со инчите не не научи на ништо. Зошто? Во неколку статии панцерите спомнаа и ја повикаа владата на одговорност, да обелодени за најновата трговија со италјанските територии која владата наводно ја има направено но никаде не сретнав демант или негирање - не видов никаков контрааргумент - штама! Зошто панцерите беа изигнорирани во едно такво сериозно обвинување? А емакедонците и тие како да не ги забележаа тие критики? Сите вклучително и јас ја почувствувавме кнедлата во грло од нови одстапувања на територии на наши сојузници, но сите колективно игнорираа веројатно не сакајки тоа да го прифатат како вистина барем додека не се случи ако се случи.

Ја прашувам владата на чело со претседателот Аминта да ми одговори дали повторно направиле таков договор за отстапување на на наши освоени територии? Дали уште еднаш се поставивме како мивки и "радодајки"? Жителите на еМакедонија заслужуваат да ги знаат одговорите на тоа прашање. Тие трошеа средства и штета за да ја окупираат. Можеби таква статија и имало, јас не сум ја сретнал, се што знам се коментарите на панцерите кои со прст покажуваа кон владата.

ИМА ИЛИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОТСТАПУВАЊЕ НА НОВИ ТЕРИТОРИИ ВО ИТАЛИЈА ОД НАША СТРАНА?