Пишуваме Кирилица!
North Tiger
Затоа што народ без јазик и писмо – нема.
Затоа што кирилцата е официјалното писмо на Република Македонија.
Затоа што писмото е доказ на нашето колективно потекло и на индивидуалното определување.
Затоа што писмото е средство за просторна и временска комуникација.
Затоа што автентичниот дух на народот може да се изрази единствено со примена на автентичното писмо.
Затоа што според UNESCO, македонскиот јазик е еден од загрозените светски јазици.
Кому му е наменета?
На сите, зашто кирилицата е нашата прва љубoв, нашето прво писмо.
На младите генерации кои користат електронска комуникација.
На медиумите, да им укаже на убавината и применливоста на кирилицата.
На младите деловни луѓе, за да ја откријат убавината на кирилицата и да ја користат како свој идентитет.
Наменета им е на сите кои комуницираат преку писмото низ образованието, творештвото.
Цел на кампањата.
Да се укаже дека кирилицата е:
Убава и применлива.
Отмена, грациозна и прогресивна.
Читка и модерна.
Да поттикнеме повеќе да се користи секогаш и секаде кога е можно.
Да ја зачуваме со користење и да ја модернизираме.
ЗАШТО МАКЕДОНСКИ СЕ ПИШУВА СО КИРИЛИЦА.
Македонскиот литературен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевно-јазички традиции. Јазикот го зачувавме. Да ја зачуваме и КИРИЛИЦАТА, зашто јазик без писмо нема.
И затоа велиме: ГО ЧУВАМ СВОЕТО!
еМакедонци... Го чуваме своето, ПИШУВАМЕ КИРИЛИЦА!
Туторијали за тие што незнаат како да пишуваат Кирилица:
Како да пишуваш кирилица на Windows XP
Како да пишуваш кирилица на Windows 7
Како да пишуваш кирилица на Linux/Ubuntu/Fedora
Како да пишуваш кирилица на Windows Vista
Како да пишуваш кирилица на Apple OS X Macintosh
Comments
Си го знаеме писмото,ама за да избегнеме "Подароци",од Горниве,мислам во одредени ситуации може и латиница.Потешко е за превод на Goole translate.Ова го пишувам од практични причини,зашто на никого не му се бендисува нашата мисла,историја или факти од независни историчари и аналитичари.
Подршка од мене..*_*
Бравос за статијава +v +s
Да се укаже дека кирилицата е:
Убава и применлива.
Отмена, грациозна и прогресивна.
Читка и модерна.
Да поттикнеме повеќе да се користи секогаш и секаде кога е можно.
Да ја зачуваме со користење и да ја модернизираме.
+111111111111111111111111111111
Отмена, грациозна и прогресивна. < Ова е срањето!
Odlicna inicijativa.Potpolno se soglasuvam
@MacVarior
''Odlicna inicijativa.Potpolno se soglasuvam''
Хахахахха се согласуваш а пишуваш на латиница xD
и јас се согласувам дека сите Македонци треба да пишуваат на кирилица. Со тоа што ние пишуваме на кирилица не се погазуваме самите себеси и докажуваме дека сме народ со јазик, име и црква.
😃😃
Се Шалам се Шалам 😃 Извините неможев да одолеам.
Инаку сериозно,иницијативата е супер.и мене ми дојде преку глава да се префрлам со алт шифт цело време.
Види го мојот дескрипшн на профил xD
Тоа седи одкога го направив профилот :Р
Ќе пишував коментар ама го избришав,не вреди.
Браво!