Занимливости: Пчели „нападнале“ продавницата за чоколадо

Day 1,328, 16:45 Published in North Macedonia North Macedonia by PopTomov

Работниците од Thornton продавницата за чоколадо во англискиот град Леоминстер, речеси три часа биле заробени поради инвазијата од илјадници пчели кои сакале да влезат во продавницата.

- Застрашувачко беше набљудувањето на разбеснетите пчели кои се обидуваа да минат низ стаклото, изјавија работниците од продавницата за слатки.

Во исчекување на пчеларите, вработените биле принудени да се затворат во продавницата и да се забарикадираат зад кутиите со чоколадо.

- Мислам дека ги привлече слаткиот мирис на чоколадото, но пчеларот вели дека ја следеле матицата, вели една од продавачките.

Се претпоставува дека пчелите ја окупирале продавницата за да ја заштитат матицата, која од ближното гнездо била избркана од млада женка пчела.