ШТО И КАКО ПОНАТАМУ ?!?

Day 1,328, 14:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Да се разбереме пред да започнам со статијава дека воопшто не ми е намерата да плукам по некого и никогаш и не сум го праел тоа. Сакам со ова да отворам простор за дебата и муабет, каде и што понатака?

Пред некој ден со претседателот и со уште неколку стари играчи на пиво муабет ја започнавме оваа тема, така да мислам дека е добро и тука да се отвори дискусија.

Стварно е голем успех за тоа што го напраивме до сега со освојување на Италија и Грција меѓутоа мислам дека е време да поразговараме за нови хоризонти.

Моментална ситуација:

1. Имаме 31 регион, а само 5 ресурси
2. Не сме имале НЕ и +10% на сила и ранг незнам од кога
3. Нема никаква акција и адреналин, а со тоа и се помалку активни играчи
4. Голем број од старите играчи веќе од поодамна имаат странско државјанство за да можат да ги користат благодетите на бонусот од ресурси и НЕ. Да не го заборавиме и моментот на помали приходи во државната каса.

Кои ни се можностите:

1. Да го префрлиме главниот град на Балканот
2. Да ги нападнеме Кипар и преку Синај и Табук да се поврземе за жито и нафта.
3. Да удриме на Франција и да добиеме жито и гума
4. Да си ја вратиме Апулија

По муабети, Унгарија би ни ги отстапиле тие региони у Франција меѓутоа би имале и завршена акција за 3 дена. Истото е и со Кипар. Нема нит со кого да имаме training војна освен да ослободиме некој Грчки регион и да се зезаме и да тапкаме во место.

Според мене најинтересна и најсмела варијанта е да си ја вратиме Апулија. И сега се вртат муабети дека треба да сме у координација со ОНЕ, дека немаме шанси со Хрватите, дека е лето и тапа период итн.

Да, лето е и нема многу играчи, ама лето е насекаде, не е зима во Хрватска. Се сеќавам и на муабетите од пред неколку месеци дека сме слаби за Италијаните, дека сме слаби и за Грците…ама излезе дека сме поприлично јаки.

Ги сплескавме Грците, докажавме дека сме појаки и си го напраивме ќеифот.

За да се оддржи голем број на активни играчи, треба да има акција, да се движи, да има адреналин. Не памтам кога последен пат сме имале интересна војна освен некоја битка чат пат.

Додека ние изиграваме кралеви на Балканот, Унгарија, Полска, Шпанија и Србија го овоија светот. Апсолутно се согласувам дека не сме сами и дека треба да сме во координација со ОНЕ, ама мислам дека е време да дојдеме на дневен ред повторно.
Да, ќе изгубиме неколку региони со Грција и ништо страшно. Треба да се освестиме дека ова е пред се ИГРА и дека ќе губиме и ќе победуваме. Со војната со Хрватска ќе се разбудат многу играчи, ќе стане интересно и ќе имаме сериозен противник.

Ги поканувам сите на дебата и на чашка муабет. Последното е сепак на претседателот и владејачката гарнитура, но сепак мислам дека не е на одмет да размениме неколку мислења тука. Секогаш е подобро да се прави нешто отколку ништо.

Да сте ми живи и здрави сите!!!