^^ Старите добри времиња ^^

Day 1,321, 04:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski



Почитувани читатели,


"eRepublik" ден 1321 - 4 ипол години од постоењето на еРепублик или Новиот Свет како сакате. Mногу работи се изменети! Листајќи низ весниците пред некој ден налетав на опишан играч кој е 22-ри левел а играл само 19 дена. Се зачудив! Но не и толку изненаден знаејќи ѓи новите промени. Се зачудив да, бидејќи сватив колку оваа игра се промени. На лошо или добро? Времето ке покаже! Како и да е прашајте го Ромпер колку злато требало да купи порано за да стигне од 1-ви до 22-ри левел за само 19 дена, или било кој друг играч од тој калибар.Тука се нашите лидери во Лазароса, Шиме, Иван Ванчо Македонецот, Обединета Македонија, Драш 3, Кирил Македонецот и ред други кои се дел од првата појава на еМакедонци во еРепублик! Оние кои ѓи еЖивееа тие еДенови како и јас и многу други кои ги познавам, како од 20-ти до 21-ви се стигаше само за нешто помалку од 2 месеца а не па 22-ри левел, евентуално со 4 месечно секојдневно играње ке дојдевте блиску до него.

Тоа беа старите добри времиња!

Денес се прашувам дали некој со 25-ти 26-ти 27-ми левел кои почнале пред 2 месеца знаат колку време би им требало за тие левели? Денеска тие левели ја изгубија вредноста!
Се прашувам дали они знаат како изгледаше да се купи фирма или пак отвори една? Во тие времиња за фирма можевме само да сонуваме барем во првите 3 месеца играње, а денеска и почетникот има минимум 6-7 фирми.
Во тие времиња потребно за формирање фирма беа 40 златници, 20 за основање фирма и 20 за издржување на работниците. Тогаш не постоеше опција самите да работиме во нашите фирми. Истотака пак тогаш имаше друг проблем а тоа се самите работници. Некој правел повеќе некој помалку производство се ради енергијата со која работи, која влијаеше, влијаеше многу и секој настојуваше да го почне утрешниот ден на 100 енергија (96мин)! Тогаш постоеа тие надворешни фактори. Денес сите, безначајно дали си 1 ден во играта или 1.000 произведуваш исто! Се изгуби и работната класа и сите влегоа во една иста! Тогаш постоеа камикази, денес ги нема, умреа со новите промени! Камиказите беа специјално формирани-привремени да ги наречам единици кои организирано се префрлаа во одредена држава и правеа р'шум во нечии фирми. Често многу фирми ги доведуваа до банкрот! Кога некоја држава ке беше освоена сите ке работевме со 12 енергија во окупаторските фирми и така производството им одеше во минус. Помалку производи за повеке плата, ги растуравме економиите на окупаторските сили. Денес тоа не постои. Во ова секако има лоши и добри страни или да кажам позитивни-негативни. Порано се работеше од 6-7 до 14 денари плата, но тоа секако се измени со промените, не дека е којзнае колку ниска плата или дека сега повторно неможе да се појави но тогаш со тие пари (нормално и другите производи беа многу пониски) сепак можевме да си дозволиме евентуално 200 енергија НАЈМНОГУ во денот и тоа ако имаме највисока плата! Зборам за играчи кои играа минимум 4 месеца, беа 21 левел и немаа ниту една фирма. Ај ќе купевме лебови што ке купевме но како ке успеевме утре да купиме исто толку? Се трошеше притоа да не ни остане ниту еден денар за утре! И секако најновата промена, удирање постојано на секој саат која доведе до моментално рушење на сите принципи на армискиот канал. До пред само нешто повеке од 2 недели можевме да удираме само еднаш! Односно до 300 енергија, оние кои имаа куќи, зависно од која вредност дали ку1 ку2 ... ку5 - 320, 330, 340, 350 енергија НАЈМНОГУ! Не постоеше "Градски Центар" со левел 3,4 или 5. Но ок, гледано на тоа преку реалниот живот, може веке се запрашувате како преку реалниот живот?! Многу едноставно! Многу од нас пред 10 години не знаеле што е мобилен телефон а денеска деца од 2-ро 3-то одделение имаат телефони во боја со незнам ти колку пикселна камера! Кај го имало тоа во наше време? Истите тие деца имаат компјутери со неверојатни конфигурации и го поминуваат поголемиот дел од времето пред нив и на интернет. Во старите добри времиња тогаш се играа жмурки а не Дота. Се играше камај-камај а не Кол оф Дјути (ние игравме Кантер и сеуште знаеме да се собереме во знак на тоа време 😃 ). Се играа граници и разно разни џандари-крадци брканици и често мајка ти од прозор ке те довикне да дојдеш на ручек 🙂 денеска тоа го прават од дневната или евентуално ке дојдат да те станат од соба. Генерално денеска тоа ти е преточено во седење пред компјутер, дома, или на некое друго збирно место наречено интернет кафе. Секако постојат и такви кои се контра на тоа. Светот оди напред и технологијата постојано се развива а времињата се менуваат. Така гледам и јас на еРепублик.

Порано и сега ...

Ако порано требаше да работам една недела за да соберам 40 денари и да купам 50 ку1 леба кои беа по 0.18 денари (горе-доле тие беа цените) и да мавнам 10 пати денеска имам две ку2 и ку3 фирми за леб и можам да трошам максимум енергија комотно односно да мавам 220 удари по ден, јас и многу други! Ако порано требаше 40 злато за фирма кое се собираше за некој 3 до 4 месеци денеска секој има по 10 фирми, меѓу кој и јас спаѓам, сепак се секавам на времињата некогаш и колку е се поинаку! Дали е подобро или полошо ако воопшто е потребна проценка, проценете сами и дајте го вашето мислење во коментар. Постојат и многу други работи кои се тотално сменети, но пред да станам досаден овде ке застанам со оваа анализа. Сакам да ви се заблагодарам за одвоеното време на овој артикл и доколку мислите дека е добро напишано и допре на било кој начин до Вас, мене ке ми биде мило а вие можете да ставите шаут и секако да ја гласате оваа новина или да се претплатите на весникот.
За шаут:
"Старите добри времиња - http://tinyurl.com/6cfagxm"



Фала уште еднаш!
Ваш и искрен,
Душко Аврамовски (Dushko Avramovski)