еМакедонија и еСрбија на стаклени нозе

Day 1,320, 12:05 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Деновиве во еСрбија се појавија статии кои задираат во стабилноста и цврстината на сојузот помеѓу есрбите и емакедонците. Во нив се дискутира за раскинување на сојузот помеѓу овие две земји. За жал ваквите провокации не се случуваат за прв пат предизвикани од закоравени националисти и тролови кои живеат во некои минати времиња и таквите фрустрации ги внесуваат во една обична стратегиска игра.

Кога почнав да ја играм играта мене лично сојузот со Србија воопшто не ми се допадна, но подоцна увидов дека грешам и дека како соседни земји и со иста политичка стратегија одлично се надополнуваме. Ги отфрлив моите рл ставови и се препуштив на играва. За жал повремените тролови од типот на Hostilian,ProDeran , Pedja16 и многу други пробуваат да го разорат тој сојуз и тоа пријателство, во голем дел овде гледам имаат вмешано прсти еГрците кои ги потрошија сите џокери за да се ослободат па го користат последниот : "раздели па владеј" и на секој начин подбуцнуваат и ги разгоруваат рл националистичките запаленковици во Србија кои како само тоа да чекаа. На првата свирка се фатија на орото.

Пак ке повторам, ако требаше да мешам рл немаше да ги изберам србите за сојузници. Нема да ви објаснувам зошто, доволни ви се нивните статии. Сепак ова не е рл ова е игра во која треба да се остават на страна сите рл политички и историски несугласици и да се дружиме и да си играме, значи - забава забава и само забава.

Единствено нешто што во ова игра треба да го позајмиме од рл светот е стратегијата и партнерскиот однос. За пример да ја земеме Америка како најсилна рл земја, што ако и здодее дека мирно владее со мнозинството на светот? Ќе го распушти сојузот со своите партнери и ке удри по нив за да се забавува? Верувајте, со рушење на сојузот не само што ке ја претворите играта во скапан расол туку се она што виртуелно сме го граделе овде ке биде залудно потрошено време. Размислете и проанализирајте доволно админите ја направија играва каша попара па сеа и ние ли да ја дозакопаме.

И за крај: ДО СИТЕ МАКЕДОНЧИЊА КОИ ВРСКА НЕМААТ ОД СРПСКИ ЈАЗИК А КОИ САКААТ ДА СЕ ДОДВОРАТ, ЧИТАЈ - ДА ЛИЖАТ Г'З: ВЕ ЧИТАВ ВО КОМЕНТАРИТЕ И НАВИСТИНА СТЕ СМЕШНИ. ЗБОРЕТЕ МАКЕДОНСКИ АКО ВЕ РАЗБЕРАТ АРНО АКО НЕ БАРЕМ КЕ ГО ЗАЧУВАТЕ ДИГНИТЕТОТ ОТИ ВАКА СТЕ СМЕШНИ, ПА GOOGLE TRANSLATE ПОДОБРО ЌЕ ВИ ПРЕВЕДЕ ОД МАКЕДОНСКИ НА СРПСКИ. И немојте после да се лутите кога на чат србинот со ник КРАЉЕВИЧ МАРКО ќе ви рече дека сте "срби со говорна маана" ВИЕ МУ ДАВАТЕ ДИРЕКТЕН ПОВОД ЗА ТОА!