Историја на еМакедонија

Day 1,320, 11:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Mart1neZ


Поздрав Македонци и Македонки,

Во оваа статија јас ќе ви ја претставам целата историја на еМакедонија,во периодот од 1052 - 1319 ден од Новиот Свет. Се надевам дека ќе ви се допадне...



Македонија беше додадена во еРепублик на ден 1052 од Новиот Свет. На првите претседателски избори победи United Macedonia а потоа државата доби и свој конгрес.Следниот месец, United Macedonia повторно стана претседател и ја зајакна државата уште повеќе.
После три месеци од постоењето на Македонија,на чело на државата дојде Drashhh_III_Makedonski.За време на неговиот мандат, Македонија влезе во војна со источниот сосед – Бугарија.На почетокот војната тргна добро за нас македонците,па за краток период ја освоивме Софија а потоа и Видин. Но додека траеше нападот на Русе,востаниците на Бугарија го ослободија видин,а исто така и нападот врз Русе беше неуспешен.Потоа со контраофанзива, Македонија ја изгуби и Софија.После неколку дена напорна,пинг-понг војна државата беше целосно окупирана од Бугарија.
Потоа, Македонија успешно се ослободи и потпиша мир со Бугарија.Тогаш на чело на државата се наоѓаше Струмјанин,кој на крајот од својот прв мандат направи договор со претседателот на Србија – фиб,со кој еМакедонија ја доби Западна Србија,регион богат со железо.Овој регион подоцна беше вратен, бидејки беше воведено ново правило,со кое бонусот од Западна Србија не можеше да се искористи.Но пред да се врати овој регион, Италија успешно освои два од три региона на Црна Гора.Тогаш Македонија тргна во поход за ослободување на Црна Гора.После успешното ослободување, Македонија ја нападна Италија и по неколку недели Италија беше избришана од картата на еСветот.Од оваа војна добивки имаше и Словенија која доби неколку италијански региони.
После одреден период Македонија заедно со Србија, Турција и Унгарија ја нападнаа Бугарија. Србија ги освои регионите Видин,Русе,Пловдив и Бургас,а ја нападна и Русија.Потоа востаниците успешно ги ослободија Видин,Русе и Пловдив,но Видин заедно со Софија беа успешно окупирани од Македонија а Варна од Унгарија.Потоа Бугарија успешно ги ослободи сите свои региони. Сите учесници во оваа војна претрпеа голема штета,вклучувајки ја и Македонија која изгуби голем дел од своите окупирани региони во Италија.
После војната,Македонија реши да го префрли својот главен град во Апенинскиот полуостров поради Економски причини,па своите оригинални региони му ги препушти на Бугарија.Во тој период државата беше нападната од Франција,но Полска дојде напомош и војната беше прекината поради тоа што се изгуби границата помеѓу Македонија и Франција.Потоа беше склучен и мир.
Кога Македонија успешно,по втор пат,ја избриша Италија,си ги врати и своите оригинални територии ,успеа и да освои регион на Швајцарија богат со говеда.
После одреден,мирен период,како гром од ведро небо дојде и војната со Грција. За време на оваа војна Македонија успешно ги ослободи Египет и Саудиска Арабија од Грчкиот окупатор и целосно ја освои Грција.Треба да се спомне и дека за време на војната со Грција,Македонија војуваше и против Хрватска па за да се затвори војната,Македонија беше приморана да ја отстапи Апулија на Србија и потоа целосно се фокусира на Грција.
Денес Македонија е една од најголемите империи во еСветот,под своја власт ги држи Италија и Грција и секојдневно успешно се справува со нивните востанија. Членка е и на сојузот ОНЕ,и моментално е трета земја по јачина во еСветот. За крај само да напоменам дека за да бидеме на ова ниво на кое што сме сега,нај заслужни се нашите херои ScymeX, Aexil Kong, Hoban Washburne,LazarosaMKD, DexterMKD и најдобриот претседател на сите времиња ---> Strumjanin,како и нашите сојузници Србија,Унгарија,Турција,Полска и многу други.




Тоа е се народе.Да напоменам само дека статијата е оригинална односно не е копирана од друго место.Поздрав и останете со 100 здравје...