[МНР Македонија] Извештај за сработеното + инфо околу Арапскиот конфликт

Day 1,317, 04:03 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK


Поради многу RL обврски не бев во можност да се вклучувам често на играва па дур сега најдов малку слободно време да напишам што е сработено од 13.06 до 29.06 и неколку објаснувања на одредени ситуации во тој период

Бидејки текстов е долг, ветувам дека доколку го прочитате ќе ви дадам да се забавувате со мојата лична асистентка Цуци (сака и жени 😃) на еден час по принципoт, прв дојден (прочитав), прв услужен. 😃
Ама знам дека повеќето нема ни да се потрудите да прочитате (веќе докажано, џабе сега и мома ви давам 😃) затоа немојте подоцна да се жалите.

1. МПП-а
Обновени - Венецуела,Египет,Кипар,Турција,Латвија,Велика Британија,Шпанија.

Тајланд - За прв пат воспоставивме комуникација и потпишавме МПП. Тајланд е под ПТО од страна на српски играчи.
Перу - Потпишано по втор пат со цел да се помогни на оваа земја да се ослободи од многумесечната окупација од страна на Бразил и Аргентина и да добијат конгрес. Перу беше приоритет на ONE сојузот.

2. Велика Британија не контактираше дека и се заканува ПТО за време на партиските избори. За сите нивни топ5 партии постоеше голем ризик да бидат превземени. Формиравме АТО група од 10 членови на воената единица АрМакедон кои зедоа британско државјанство а на листа на чекање во случај на итност беа неколкумина припадници на воената единица МТО. Би сакал јавно да му се заблагодарам на Kanopy и луѓето од МТО од кои побарав додатна помош и изразија волја да помогнат доколку биде потребно. Морам да напоменам дека целиот МоФА тим отиде во Велика Британија а тоа беше поздравено од страна на британското раководство и општество. Македонија најмногу помогна и е најзаслужна од сите останати британски сојузници во спречувањето на ПТО врз Велика Британија.

3. Кога сме веќе кај АТО групата, на барање на британскиот Претседател бевме замолени да останат неколкумина од македонците со британско државјанство за да помогнат во нивните конгресменски избори како блокатори.

4. Поставени нови амбасадори во Бразил (Vittax), Чехословачка т.е. Словачка (Kirijana) и Кипар (Ivana Bocevska).

5. На јавната дебата за идните планови на МК која ја спроведов преку мојот весник најмногу играчи го избраа планот да се држи Грција што е можно подолг временски период под окупација (без НЕ, туку фокусирање на востанијата и сојузниците) следено од планот за префрлање на главниот град на Балканите. Сега повторно имаме НЕ напад и ќе биде многу потешко да ја освоиме Грција.

6. Иран - оваа земја многу и помагаше на Македонија во војните но не успеа да собери храброст да ја прогласи Грција за НЕ иако многупати во почетокот на војната одев кај нивниот тогашен CP и настојував да ја прогласи. Да ги нападнеа додека не воспоставивме комуникација со Египет и С. Арабија можеби сега ќе немавме проблеми а Грција ќе беше многу побрзо избришана. Секогаш се биле во потрага по сериозна војна, имаа тренинг војна со Кина но исплашени дека ќе бидат избришани од нив доколку ја нападнат Индија за крави, се ориентираа кон запад. Додека Македонија го држеше мостот со ресурси таму се беше ОК, но откако мостот падна и вративме неколку територии на Саудиска Арабија и Египет (а СА го дадоа Табук на Кипар под рента) се појавија првите знаци на непријателство меѓу Иран и Кипар кои сега воопшто не се поднесуваат. Настанаа толку многу компликации кои доведоа до разнишување на нашето пријателство со Иран бидејки Македонија им укажа дека нема да дозволи повторна окупација на Египет па ако сака нека е и земја со 1 жител. Јас се јавив како медијатор меѓу Египет-Иран-СА и Кипар а имаше и влијание од страна на српскиот МоФА и некако се смири ситуацијата. За жал, тензиите меѓу Иран и Кипар повторно ескалираа. Со оглед на тоа што Кипар го блокираше Египет, Иран во соработка со израелци преку востанија си направија премин и дојдоа до граница со Египет. Македонија повторно ја повтори својата позиција но и официјално прогласи неутралност во војните меѓу овие земји. Македонија и ОНЕ повеќе нема да бидат медијатори, нема повеќе да се мешаме. Ве молам, не ги навредувајте, ова не е наш конфликт. Сепак Иранците не не навредуваат нас иако ни се лути дека го браниме Египет а не ги поддржуваме нив како посилен сојузник во овој конфликт.

7. Кипар - Земја на Инџите, нашите турски браќа. Самоиницијативно ни се понудија да ни помагаат во востанијата против Грците и сме им многу благодарни. Во договор со нив и Египет го отстапивме Синај а ние пак си го држевме мостот со ресурси преку една недела се до паѓањето на Lower Egypt. Започнавме полека да ослободуваме територии а Кипар во договор со Саудиска Арабија ги рента нивните региони. Пред неколку дена тие региони беа "ослободени" од страна на Иран преку востанија. Иако првично под тежок притисок прифатија поделба на Египет сепак се повлекоа од тоа. Доколку Иран го нападне Египет тој ќе биде нападнат и од Кипар со цел да блокира целосна окупација од страна на Иран а некои региони ќе им бидат ослободени. Вчера поради автоматскиот напад од страна на Кипар и тенкањето од грчки играчи беше превземен единствениот слободен регион на С. Арабија. И овде напоменав дека нема да учествуваме во војната.

8. Саудиска Арабија - Можеби нетипично кај муслиманските земји во РЛ но овде во Новиот Свет, Претседател на СА е жена 😃 Со нејзе имаме воспоставено многу коректен однос, вешто ги брани позициите на Саудиска Арабија и Македонија и се обидува на секој можен начин да ги спречи грчките симпатизери на чело со пед**** Lawrence of Arabia да и направат PTO. Очајно се обидуваат да направат ББ и се надеваме дека ќе им успее. Кипар ги рента регионите а наскоро ќе ослободи некои од нив (барем така ми рекоа во разговорот вчера). На нејзино барање сеуште држиме неколку територии на СА без да плаќаме рента инаку одамна регионите ќе беа вратени бидејки по паѓањето на мостот тие региони ни причинуваат голема штета со оглед на тоа што грци постојано креваат востанија таму за drain. Поради проблеми со автоматскиот напад од страна на Кипар и тенкањата на гореспомнатиот кретен и компанија богдановци СА повторно остана без територија. Затоа Македонија на барање на Претседателката го враќа Al Bahah.

9. Египет - Оваа земја со едвај 10 египќани веќе е сметана за наше чедо 😃 Ако ги запрашате сега, која земја е им е во срцето, која земја е нивен чувар, ќе ви одговорат МАКЕДОНИЈА! Нивните најистакнати играчи постојано се присутни на наши чет канали и пишуваат се најдобро за Македонија, сигурно сте го приметиле тоа плус, ги придобија нашите "убави" карактеристики: спам сквад 😃 и тролање по непријателите (во нивниот случај, тоа е Иран). И после сето тоа, како да дозволиме повторно да бидат окупирани? Јас сум сведок колку се трудат да успеат. Иако го почитувам Иран кој помагаше во нашите битки, јас сојузниците на Македонија не ги делам на јаки или слаби. Почитта кон сојузникот и трудот за мене е највредното нешто во оваа игра и затоа цврсто се спротиставив на било каква војна која би му наштетила на Египет (па и на Саудиска Арабија).

Видов на многумина не им е јасна тактиката со која ја напаѓаме Грција. Ја користиме тактиката на Турција во војната со Бугарија, фокусирање на NE нападот бидејки имаме многу востанија а со оглед најновите промени, востанијата многу тешко ги добиваме. Тоа не значи дека се откажуваме од востанијата напротив, доколку губиме многу во тие битки ќе се фокусираме на НЕ нападот бидејки доколку ја изгубиме иницијативата - тешко нас 😃 цел EDEN е против нас. Овде не смееме да потфрлиме затоа обидете се да го трошите Вашиот инфлуенс таму каде што е најмногу потребно.

Се надевам дека сега ви е јасно зошто моравме да се повлечеме од Хрватскиот фронт. Затоа, ќе им посветам нешто на оние кои мислеа и сеуште мислат дека можеме сами против сите: Сојузот ONE е сојуз на рамноправни членки - НЕМА ДОМИНАНТНА ДРЖАВА, СИТЕ СМЕ ЕДНО! Овде личниот интерес не игра апсолутно никаква улога. Сите за еден, еден за сите. Секоја земја е приоритетна. Македонија сама не ја избриша Грција и сама не може да се одбрани, Шпанија сама не го освои пола САД и Бразил и не можеше да се брани од 5 противници, Полска сама не ја окупираше пола Европа, Шведска сама не успеа да ја избрка Кина и да ја освои пола Канада, Унгарија сама не можеше против Хрватска и Романија, Србија сама не можеше против три противници. Сите се бориме за истите цели, против истите противници. ЕДНИ БЕЗ ДРУГИ НЕ МОЖЕМЕ, камо пак да ги држеме сите колонии освоени од ONE! Без лутење доколку губиме, не сме само ние членка на сојузот и не можеме секогаш да бидеме приоритет на сојузот.

Толку од ова јавување.

Ваш
PhoenixMK
МНР Македонија