ВРЕМЕ Е ЗА НЕКОИ НОВИ ДЕЧКИ !!!

Day 1,314, 16:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Од своето формирање може да се каже дека на овие избори МРДЉС го имаше своето прво сериозно претставување.

МРДЉС 13=12+1 , ОеМ 14, МнМ 6, МНФ 6 и МЕ 1

Резултатот кажува се и не треба дополнително објаснување .

Ја пишувам оваа статија со цел јавно да им се заблагодарам на целиот тим којшто ме поддржуваше во целиов овој процес и да им кажам едно големо БЛАГОДАРАМ за својата несебичност и за времето коешто го одвоија за да го постигнеме овој успех.

Ако треба да ги набројувам сите, ќе ми требаат 2 статии за да ги напишам сите затоа што не би сакал некого да испуштам. Меѓутоа сакам да им кажам: -Дечки ова е ваш успех и затоа треба да се гордеете со постигнатото !!!

Уште во моето прво обраќање како претседател на партијата реков дека МРДЉС нема да се занимава со плукање и со разни други гиманстички спортови. МРДЉС има своја визија и идеја и ќе си работи со свој план на постигнување на целите.

Ако ја отворите страната на МРДЉС, ќе забележите многу интересна работа. Ќе можете да видите дека во партијата членуваат момци/девојки од сите воени единици, како и членови со најразлична сила.
МРДЉС е создадена и ќе продолжи да работи со една нова девиза: - Да му се даде шанса и простор на секој играч. Нема да се толерираат неколку играчи нон стоп да се вртат дали во конгрес или пак на некои други државни функции. Тука во играва имаме илјадници играчи коишто поминуваат голем дел од своето време и никој не им дава шанса за да се истакнат и да ги презентираат своите идеи. Се надеваме дека во наредните неколку изборни циклуси МРДЉС ќе им даде простор на што е можно повеќе нови играчи. Апел и до сите други политички партии да го направат истото.

Јас тука ќе запрам и ќе ги замолам сите кандидати за конгресмени од МРДЉС да го кажат своето . Да ги замолам да го дадат своето мислење за односот што го имаше МРДЉС према нив.

На крај, честитки до сите новоименувани Конгресмени и ќе ве замолам да бидете конструктивни во конгресот, да учествувате во дебати и секогаш да работите за доброто на нашата ни еМакедонија.

МРДЉС не застанува тука и ќе продолжи да работи си исто темпо и во иднина и во многу скоро време се надевам дека сериозно ќе атакуваме и на претседателската позиција.

Да сте ми живи и здрави сите!!!