Уште Еден Доказ-Човекот Навистина Потекнува Од Мајмун!

Day 1,314, 05:03 Published in North Macedonia Nigeria by MaCeDoNa
Добар Ден,Ден После Изборите...
Вчера за прв пат се кандидирав на конгресменските избори и Благодарение на Вашите Гласови
Следниве 30 дена Јас Сум Конгресменка.


Голема Благодарност До Сите!! И тие што гласаа за мене и тие што не гласаа.

Мислам дека си останав доследна себеси и немаше од мене баш никакво подкупување,спамирање,молење или пазарење со тие кои на пазар ко оставаа својот глас за кој даде повеќе..
Можеби некој ќе каже: сум немала потреба од такво нешто,затоа што во текот на целиот ден имам двоцифрена предност пред останатите конкуренти,ама и да немав верувајте ми ... НИКОГАШ не би одела против своите принципи!

Подобро достоинствен пораз, него изнудена победа.

Имам потреба да Ви кажам нешто друго...
Прв пат вчера внимателно ги следев изборите...бев присутна и на партискиот канал и тоа што Makedonija Do Indija го правеше за да партијата добие поголем број на конгресмени е навистина за почит.
Само неколку дена сум член на МНФ, не го познавав скоро воопшто Makedonija Do Indija, ама неговата саможртвеност,борбеност и несебична помош за колегите од партијата МЕ ВООДУШЕВИ!

Зошто токму ваков наслов на статијава ... ?!
(многу сакав да Ви го показам мајмунчето на фотографијата)

Затоа што се уште сум под импресија на тоа што се случува вчера.Тие нечесни игри ...едни те исти луѓе по неколку пати го продаваа својот глас, правеа пресметки кој колку профитирал од изборите...очајните кандидати кои бараа глас по секоја цена ... секој глас беше платен поскапо од предходниот ...Секој глас им даваше нова надеж дека ќе бидат конгресмени, додека конкурентот не добиеше нов глас и пак се почнуваше од почеток ..трката за уште еден глас ...и се тоа се повторуваше многу многу пати... до доцните вечерни часови ..кога мораа да ја прифатат реалноста ...и да заминат на спиење со пресметки колку се во загуба за обидот да станат конгресмен ...

Јас лично НИКОГАШ не би можела да бидам дел ниту од профитерите ниту од очајните обидувачи за конгресменското место.
Немам јас срце да ветувам дека ќе гласам за некого, да земам награда за тоа а да го измамам кандидатот, да не гласам за него... Нити имам лажна надеж дека цел ден ако купувам гласови ќе успеав да победам.
Има една поговорка вели ...
Денот Се Познава По Утрото.

Драги мои соиграчи од Ерепублика...се надевам дека сега кога се смирија страстите...ќе седнете и ќе рамислите каде грешиме..
Можеби за следните избори ќе бидеме позрели и подостоинствено ќе ги избереме следните конгресмени.
Следете го мојот конгресменски мандат, ако бидете задоволни од мене ко Конгресменка.. ќе се кандидирам и следните избори во истиов реон.
За секоја Ваша потреба и сугестија достапна сум за сите...се што е во мој домет ќе се обидам да Ви излезам Во пресрет на барањата...
Уште Еднаш Ви Благодарам на добербата и Ви ветувам дека нема да се покаете за тоа што мене ми го доверивте вашиот глас.
За крај погледнета ја фотокрафијава и потрудете се НИКОГАШ да не дозволите ама баш никој да помисли дека Ве насамарил и направим мајмун од Вас..






Ве СакаМ СИТЕ!!! ...што би рекол нашиот Тоше...


Останетеми со 100 здравје и 100 тенка во магацин 😉


[PanzeR Amazonki]MaCeDoNa




за шоут
Добар Ден,Ден После Изборите
http://www.erepublik.com/sr/article/-1-1808079/1/20
Уште Еден Доказ-Човекот Навистина Потекнува Од Мајмун!