Голдот е прескап или ние сме премногу себични ?

Day 1,313, 23:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Krstevsky


Здраво еМакедонијо!
Во последно време (грубо кажано) 90% од еНародот се жали дека голдот им е премногу скап и админите се изложени на критики и смевање како резултат на промените кои ги прават со цел побрзо да се истроши голдот. Во овој артикл сакам само да направам една мала анализа/споредба во врска со цените на годлот, нема да судам никому нити пак да наведувам кон нешто, тој дел ви го препуштам вам сами да си оцените дали голдот е премногу скап или пак ние сме премногу себични. 🙂


Еве ви графички приказ за цените на голдот во eRepublik прикажан во евра:
Кликнете на самите слики за да ги зголемите



Истото можете да го видите и во Gold and Extras.

Она на што сакав да го посочам ќе можете да го видите во следниот графикон каде што се прикажани цените на рекреативни RL игри кои ги играме „секојдневно“ со RL пари и цените за истите се прикажани во евра пресметани за 1 час забава:



Напомена: Кај колективните игри прикажана е цената за целиот терен, а цената од еден играч посебно = цена на целиот терен / вкупен број на играчи.


Мое лично мислење сумирано од графиконите погоре...
Цената на голдот и не е така висока во споредба со цените за RL игри, дури тука даваат и голд беспари (качување на левел/освојување на медал), а во RL игрите без врски нема ни минута бесплатна да добиете... 🙂
Проблемот кај нас е менталитетот, незнаеме да ја цениме информатичката технологија и оние кои го работат истото... сакаме све што е поврзано со компјутер (софтверскиот дел) да ни биде бесплатно, доказ за ова е пиратеријата која е застапена 80+%... И друг ОГРОМЕН проблем е тоа што младите раснат (да не речам се грбават) со компјутер, наместо да излезат и да спортуваат (можеби и последнава причина беше мотив за еден ваков артикл)...

Да не должам многу, тоа што сакав да го потенцирам го потенцирав, остатокот го оставам на вас. 🙂

П.С. Кој сака да шаутира:
Голдот е премногу скап или ние сме премногу себични ?
http://bit.ly/igq6It

Благодарам