Обраќање до сите членови на МРДЉС !!!

Day 1,310, 02:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Почитувани членови на МРДЉС,

Прво, извинување до сите членови за тоа дека статијава не излезе порано меѓутоа понекогаш, само понекогаш РЛ обврските имаат приоритет. 🙂

На почетокот сакам јавно да им се заблагодарам на сите членови во тимот на МРДЉС коишто директно беа инволвирани во организација, координација и лобирање за партијата. Јас се надевам дека МРДЉС ќе влезе во во топ 5 и по вторпат ќе има можност да кандидира конгресмени. Без разлика на исходот, тимскиот дух и сплотеноста на членовите во партијата се најбитното нешто.

До сега, веќе имаме кандидати во повеќе региони, но со ова сакам и јавно да ги повикам останатите членови на МРДЉС коишто сакаат да поднесат свои кандидатури, да ме контактираат лично или да дојдат на #mrdljs каналот. Мојот nickname на чет е [Chaos]Boban_M. Комисијата на партијата ќе го разгледа секое барање.

МРДЉС е партија којашто е креирана со цел да им даде шанса на што повеќе нови играчи и ќе се труди максимално да го постигне тоа. Ќе ве замолам и за разбирање, бидејќи практично е невозможно да се излезе во пресрет на сите барања меѓутоа се надевам дека во наредните неколку изборни циклуси, ќе им се даде шанса на што е можно поголем број играчи.

Порака до потенцијалните нови конгресмени:

Во рамки на вашиот мандат, имате право на поднесување на 2 закони и доделување на државјанства:

- Поднесувањето на законите, НИКАКО не смее да се прави на своја рака без претходно за тоа да се дебатира на конгресменскиот канал бидејќи во спротивно може да има многу несакани последици.
- Во однос на државјанствата, секогаш консултирајте се со комисијата или со некој на конгресменскиот чет. Не би сакале да имаме луѓе во нашата ни е-држава коишто ќе ни го рушат пазарот или пак недај боже некој од тие да добе конгресменско место, каде потоа место еден ќе имаме уште нови 20 такви помеѓу нас.

На кратко, што би рекол Лавчан: - Немојте да праите пиздарии оти ќе ве СКИНАМ !!! 🙂

Им посакувам среќа на сите кандидати и се надевам дека овие избори ќе поминат во мирна, фер и демократска атмосфера и без кршење на кутии. 😛


Другите имитираат, талкаат, бараат.... МРДЉС едноставно има стил !!



Линк од партијата МРДЉС

Да сте ми живи и здрави сите!!!