Кандидат за конгресмен на Источна Македонија

Day 1,309, 18:01 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid


Почитувани е-жители,

со оваа статија сакам да ви ја претставам мојава прва кандидатура за конгресмен. Сите оние што имале прилика одблизу да ме запознаат знааат дека понекогаш поминувам и повеќе од 16 часови на играта и безрезервно ја давам мојата подршка на еМакедонија и на воен и на економски и на хуманитарен план.

Откако првата кадидатура поропадна бидејки имавме извесни турбуленции во партијата и не влеговме во топ 5 партиите а со тоа и нашите кандидати на денот на изборот не се најдоа на гласачкиот список, се надевам дека овојпат на овие избори нема да не осамне повторно со подзинати вилици(смајли) и дека конечно ке се најдеме онаму каде што и заслужуваме- меѓу првите редови на политичкиот ешалон во е светот.

А сега малку и околу тоа што ке ви понудам јас: освен патриотизмот, лојалноста и редовноста на седниците на конгресот, ке бидам максимално конструктивен и колегијален, а на сите оние што ке гласаат за мене ке им поделам алва, бонбони и чоколади, бидејки локумите кафинјата и наполитанките се демоде а и во моментов државата е во дефицит од таквите артикли. 😃

Да живее МнМ!