Програмери и економија магаре и музика

Day 1,309, 08:12 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Веќе повеќе денови не бев во можност да напишам нешто па затоа можеби оваа статија ќе делува малку задоцнета !
Најновите промени кои беа воведени пред една недела ,повторно им одат во корист на појаките ( оние со поквалитетни фирми и поголема сила) . Со воведување на можноста на рехабилитирање на здрвјето на секои 6 часа , им се отвори можност на богатите да бидат уште по богати !.Значи од овие топ 100 тина играчи може да освојуваат по 4 БХ медали на ден ( ако спијат случајно тогаш имаат 3 фикса 🙂 или во превод 15 - 20 голд дневно. Значи дури и да купуваат храна и оружје ( а го имаат во изобилство)може само со борби да остваруваат профит и да живееат како вистиски платеници . Додека ние ситната боранија ќе се радуваме на 100 тина продадени лебчина и на рад испукани 5-6 тенкчиља .
Конечно мора некој да направи нешто и да се намали социјалното раслојување меѓу еГраѓаните а не со една промена се решава еден а се појавувваат два нови проблеми . Значи за да останат повеќето во играта мора и тие да имаат некоја шанса да направат нешто повеќе.
За да не испадне само критикувам во следниот број ќе дадам неколку предлози ...