еВицотека

Day 1,308, 16:02 Published in North Macedonia North Macedonia by We are MKD

Па луѓе да се тргнеме малку од сеокјдневните еконосмки и политички проблеми во еРепублик и да се насмееме малку.

Разговараат Мујо и Хасо:
- Си забележал ли дека кондомите на дното имаат сериски број како на цигарите?
- Невозможно, тоа никогаш не сум го видел.
- Јасно е дека не си го видел, кога не си морал кондомот да го одвиткаш докрај.

Што е тоа што има две јајца, а 100 заби?
- Крокодил.
А што е тоа што има 100 јајца, а два заба?
- Пензионерски дом.

Пратиле две кучиња и плавуша во вселената.
Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат:
- Шарко!?
- Ав, ав!
- Притисни го црвеното копче!
И Шарко го притиснал копчето.
После некое време пак се јавиле од Земјата:
- Мурџо!?
- Ав, ав!
- Притисни го жолтото копче!
И Мурџо го притиснал жолтото копче.
Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле:
- Плавушата!?
- Ав, ав!
- Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.

Шофер на патот згазил еден петел. Вознемирен сопира, излегува од колата и оди кај домаќинката.
- Многу жалам госпоѓо, навистина не беше намерно. Ако може некако да ви го надокнадам?
- Повелете, кокошките се таму, зад куќата! – рекла домаќинката.

Заљубена девојка праќа СМС со многу љубов на мобилниот телефон на својот сакан:
Љубов моја,
Ако спиеш, прати ми го твојот сон,
Ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,
Ако пак плачеш, прати ми ги твојте солзи.
…Те Сакам!
Дечкото одговара:
Љубов моја,
Серам…. Што да ти пратам???

Со почит,
We are MKD