Македонското битисување!

Day 1,304, 17:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Bluboy otra

......Поентата на муабетов е да се запрашаме до каде сме со нашиот ментален склоп и нашето битисување и македонштината во нас... Значи немам каде да си се испораскажам, а мислам дека има ерепапликовци шо би одвоиле некоја минута и би го прочитале сето ова. Приказнава е следна:

......Ај викам ќе шетнам малку низ градов наш убав( Скопје, иако по потекло сум од Крушево, на топ листа Скопје и Крушево го делат првото место)... Како и да е, нели, шемата е во чаршија и ај по некое пиво во пивница, прекрасно место, зрачи со својата убавина и опкружување( Скопско кале, Св. Спас). Добро друштво, добра свирка, најладно точено, красни девојчиња, НО нешто не е во ред... Значи ние сме едни шупаци што повеќе од гз*т не можеме да видиме подалеку...

......Цела вечер слушав како било секаде поубаво, како во нашата држава има корупција, криминал, нема здравство, образование, како за сето тоа се криви провинцијалците и тн( да не навлагаме во крајности). И си велам, ајде Блубој, мечка страв, тебе не страв, стај ова све околу тебе на тестирање и види дал овие фаци околу тебе знаат нешто повеќе за својата ТАТКОВИНА, дал се воопшто свесни за честа која ја имаат да седат на неколку метри од вечното почивалиште на таткото на нашата нација... Абер немаааааааа...Тапа... Tabula Rasa… Нит тоа, нит дека едно од ремек делата во христијанските цркви се наоѓа во гореспоменатата црква, нит кој го изработил, бла, бла... И јас незнам многу работи, скоро ич, АМА, и само АМА, има нешто што МОРА секој да го знае!

......Како и да е, цела вечер се обесуваа м*да и од досада се преселив на друга маса каде имаше некои од “иностранство” и беа воодушевни од сето она кое им беше раскажано за нашата ТАТКОВИНА. Згора над се, спремни беа, потковани, знаеа детали и знаеа што да прашаат. Сигурен сум дека еден просечен младич од Италија знае кој е Гарибалди, еден горд србин кој е цар Душан и тн.

......Затоа да не бидеме примитивни, научете пред се КОЈ сме, од КАДЕ сме. Обидете се, каде и да одите, распрашајте го Google или слични медиуми за информирање, научете нешто ново, запознајте култура, битисување, зошто само така човекот станува повреден и побогат. Да, шљокајте текили, вотки и др. супстанци, но направете и нешто поблагородно... НАУЧЕТЕ НЕШТО НОВО... Ние сме тие што треба да ја оправиме Македонија, каква е сега и во минативе 20 години, нека ни бидат урнек за да ја направиме подобро и поубаво место за битисување!